8.8 C
Скопје
11:37 - 1 април, 2026

Прв пат во историјата Словенија доби претседателка – Наташа Пирц Мусар победи на изборите ФОТО+ВИДЕО

Независната кандидатка поддржана од левичарските партии, Наташа Пирц Мусар, победи во вториот круг на претседателските избори во Словенија.

Наташа Пирц Мусар се очекува да стапи на должност на 23 декември. Досегашниот претседател Борут Пахор помина два мандати како шеф на државата.

 

Пребројани се  95,5 отсто од гласачките ливчиња – Пирц Мусар освои 54 проценти, а нејзиниот противкандидат Анже Логар од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, 46 проценти.

Анже Логар веднаш ѝ честита на Пирц Мусар на победата.

Честитка испрати и премиерот Роберт Голоб во која нагласи:

„Ви честитам на изборот кој е доказ дека граѓаните и граѓанките на Словенија сакаат да живеат во држава во која се почитуваат темелите на демократијата: човековите права, владеењето на правото, независните медиуми, слободата и дијалогот“.

„Тоа е тоа. Сега храбро и смело. Со среќа!“, и честитаат на Фејсбук граѓаните на новата претседателка.

 

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....