08:52 - 2 април, 2026

Претседателот на Шри Ланка, по неколку обиди за бегство, успеал да избега со сопругата на Малдиви

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса ја напуштил земјата со воен авион и пристигнал на Малдивите, што е веројатна увертира за неговата оставка по неколкумесечните масовни протести поради најтешката економска криза во националната историја.

Откако илјадници демонстранти упаднаа во неговата официјална резиденција во саботата, Рајапакса вети дека ќе се повлече од функцијата денеска, отворајќи го патот за „мирен пренос“ на власта.

Рајапакса го користи претседателскиот имунитет и може да го искористи за да побара засолниште во странство и да не биде притворен дома. Седумдесет и тригодишниот претседател заминал со сопругата и телохранителот со авионот Антонов-32 кој полетал од главниот меѓународен аеродром, соопштија миграциските власти.

Обиди за бегство

Претседателот на Шри Ланка, кој се заколна дека ќе поднесе оставка поради народните протести, вчера веќе се обидел да побегне, но неуспешно, по морски пат, откако бил одбиен за прв пат на аеродромот во Коломбо од имиграционите службеници.

Рајапакса, кој остана во улогата на врховен командант на вооружените сили и затоа со можност да располага со воени средства, според извори од неговото опкружување, разгледувал различни опции за бегство, а „најдобрата опција беше да избега преку море“, пренесува раињуз.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....