8.8 C
Скопје
17:12 - 27 март, 2026

Одлуката на Варшава да му забрани влез во земјата на Лавров е без преседан – Русија со осуда за Полска

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.

– Одлуката на Полска е провокативна и без преседан, се вели во соопштението на руската дипломатија.

Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението.

Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.

– Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи, изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија“ на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.

Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич

Слични објави

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо
Се вчитува....