05:27 - 29 март, 2026

Мукаетов пред натпреварот на ракометарките со Франција – да се покажеме во вистинско светло, дајте им поддршка на нашите девојките!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска им даде силна  поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство.

Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија).

– Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство во салата „Борис Трајковски”, во Скопје, во нашата преубава Македонија. Тоа е голема чест и затоа треба да се покажеме во вистинско светло. Благодарност до целиот тим од РФМ кој макотрпно работи на организацијата. Очекуваме македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, а нашите девојки да ја добијат поддршката која многу ќе им значи. За кого – За Македонија! – истакна Мукаетов.

Преку видеообраќање од таборот на репрезентацијата се заблагодарија на Ракометната федерација на Македонија за можноста да играат на едно Европско првенство и тоа на домашен терен.

– Да почувствуваме што значи да се биде помеѓу најдобрите репрезентации во Европа, да имаме надеж дека репрезентацијата ќе се врати на патот на кој беше пред десетина години. Со големо нетрпение го чекаме почетокот на првенството и се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите навивачи – истакна селекторот Љубомир Савевски

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....