0.8 C
Скопје
04:45 - 13 март, 2026

Медведев одговори саркастично на веста за можното апсење на Трамп: „Сакаат да уапсат некој друг, а ќе ги уапсат своите во Америка“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев на својот Телеграм профил саркастично и емотивно ја коментираше изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека обвинителството го предупредило за претстојното апсење.

„Кретените во Европа сакаа да уапсат некој друг, а на 21 март ќе ги уапсат своите во Америка“, напиша тој.

Рускиот политичар во својата објава ги нарече актуелниот американски претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер „корумпирана банда на луди убијци на свињи“ и им понуди „да ги фрли во ѓубриштето на историјата“.

Медведев ги повика Американците „да ја вратат својата земја и да ја уништат тиранијата на Вашингтон“, пренесува рускаиот портал „газета“.

Претходно Трамп предупреди дека на 21 март би можел да биде приведен од канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен. Тој не прецизираше со каков случај се поврзува претстојниот притвор, но нагласи дека станува збор за стари и одамна разоткриени обвинувања.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....