1.8 C
Скопје
15:46 - 9 јануари, 2026

Катарина Грујиќ откри како реагирал татко ѝ кога одлучила да вгради силикони на 20-годишна возраст: „Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска“

Српската пејачката Катарина Грујиќ денес се смета за една од најатрактивните ѕвезди на српската естрадна сцена, а таа призна дека не била секогаш целосно сигурна во својот изглед.

Во една прилика, таа откри дека на 20 години решила да го подобри својот изглед со вградување силикони, а откри и како реагирал нејзиниот татко за ова.

– На сите им беше чудно, но татко ми прв ме поддржа кога му ја кажав мојата желба: „Сакам да ставам гради и тоа е тоа“. Татко ми ме поддржуваше, мајка ми, со која секогаш бев блиска, поинаку изреагира на тоа,не сакаше ни да слушне. Тато рече: „Зошто? Сака. Зошто некој да има комплекс до крајот на животот, тоа е мое дете, не сакам да се заклучува во соба за да размислува, да не излегува на улица, да ја задеваат врсниците. Не сакам моето дете да помине низ траума, не сакам да има проблеми“ – откри Катарина Грујиќ.

– На дваесет години ги направив градите, отворено зборувам за тоа и не гледам ништо лошо. Знам колку е тешко во пубертетот и потоа, не е лесно ни на 20 години, а не е лесно ни на 25, 30, 40 години кога некој те критикува, кога ти се меша во животот. Секогаш отворено зборувам за тоа, ако нешто некому му пречи, зошто да не го направи тоа, зошто да не го промени тоа нешто кај себе. Затоа постои естетската хирургија, затоа сме во 21 век – изјави таа за медиумите.

Бидејќи имала комплекси поради некои недостатоци во раната младост, Каќа признава дека веднаш по полнолетството посетила хирург.

– Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска. Бев рамна како даска, но веќе не сум – рече пејачката во шоуто „Амиџи“.

Слични објави

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо
Се вчитува....