14:03 - 5 декември, 2025

Хрватите, Романците и Бугарите ќе може слободно да патуваат, Брисел дозволува, две земји се противат

Хрватска, Бугарија и Романија се подготвени за влез во безграничната Шенген зона откако „цврсто докажале“ дека ги задоволуваат сите критериуми, соопшти Европската комисија.

Шенген зоната овозможува слободно патување низ државите без потреба за носење пасош или друг вид дозвола низ граничните контроли. Во моментов во оваа зона се наоѓаат 26 држави со речиси 420 милиони жители.

„Време е да кажеме добредојде. Чекањето беше долго, можам да кажам и предолго. Очекувањата се оправдано големи, и од властите но и од граѓаните“, рече еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, откако го презентира новиот извештај со кој се дава зелено светло за трите држави.

Јохансон потенцира дека Шенген зоната ја придвижила економијата на ЕУ и ги подигнала стандардите во Унијата откако ваквата безгранична зона беше воведена во 1995 година. Сега, според неа, земјите членки треба да одлучат во заеднички интерес и да ги потврдат кандидатурите за влез на овие три земји без одолговлекување.

Ова прашање ќе биде тема на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во декември, каде е потребно едногласност за да се донесе одлука дали секоја од овие три држави ќе биде примена во Шенген зоната.

За пристапување во зоната потребно е применување на заеднички правила, соодветно менаџирање со надворешните граници на Унијата, споделување безбедносни информации и ефикасна полициска соработка.

Хрватска, Бугарија и Романија веќе подолго време чекаат за прием во оваа безгранична зона. Хрватска го заврши процесот на евалуација во 2020, а доби позитивна препорака за влез во декември 2021 година. Бугарија и Романија, пак, чекаат на прием повеќе од една деценија. Комисијата даде позитивен извештај уште во 2011 година, но голем број земји членки на ЕУ беа против нивниот прием во Шенген зоната.

Во моментов Шведска и Холандија се единствените две држави кои јавно изразуваат сомнежи за приемот на Бугарија и Романија во зоната. Според холандските пратеници, корупцијата и организираниот криминал во двете држави претставува „ризик за безбедноста на Холандија и на целата Шенген зона“, додека во Шведска новата десничарска Влада има проблем да обезбеди доволно гласови во парламентот за поддршка на двете кандидатури.

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....