4.8 C
Скопје
01:05 - 4 март, 2026

Ги избраа најлошите, никој во Србија не им верува – остра реакција на Вучиќ за новиот министер во владата на Курти

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска остро реагираше на одлуката лидерот на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ, да биде министер за заедници на Косово, а негова советничка да биде Рада Трајковиќ, која беше на изборната листа на Рашиќ.

Внимавајте да не повредите ниту еден Србин, му порача српскиот претседател на Курти, затоа што, како што додаде, „Србите заедно со државата Србија ќе знаат да одговорат“.

Како што пренесува српски Б92, Вучиќ повторил дека изјавата на Брисел е срамна и дека тоа е најблагиот збор што може да се употреби.

„Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од 1 процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите на Косово и Метохија. А ,сега имам неколку зборови што треба да се кажат, пред официјалното обраќање и средба со Вархеј, ако некогаш дојде до тоа“, рече тој.

Вучиќ смета дека станува збор за мизерен антисрпски став што го покажа ЕУ.

„Молчев со месеци и години, трпам глупости од сите во регионот и светот. Тоа терористичко ѓубре требаше да ја добие заслужената осуда од Европската унија. Се разбира дека не. Доби нешто што можеби не може да се разбере. И така се однесуваат цело време, не само што ги прекршиле нормите на Бриселскиот договор, меѓународното јавно право, туку и сите демократски норми“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека тоа е во согласност со интересите на една европска сила, која некој треба да ја спроведе против Србите.

„Ги избраа најлошите српски ѓубриња, од дното на кацата, Рашиќ и Рада Трајковиќ, нема полоши, кои немаат доверба од никого во Србија, но ја имаат довербата на Албин Курти и западните агенции. мислам дека со тоа ќе не исплашат. Нема проблем. Можеш да го уништиш претседателот на Србија, да организираш протести во Србија, да ме убиеш. Ама за мене Косово и Мертохија се најголемите српски светилишта, за мене Србија е свето место. Подобро да ме нема, отколку да ви го предадам, а нема да ви го предадам в раце , рече Вучиќ.

 

Слични објави

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо
Се вчитува....