01:51 - 2 април, 2026

Газпром: стопиран Северен тек од 11 до 21 јули; За првпат во историјата, во јуни земјите од ЕУ увезувале повеќе гас од САД отколку од Русија

Руската компанија најави дека двете дистрибутивни низи ќе бидат стопирани од 11 до 21 јули поради поправки.

Рускиот гасен гигант „Газпром“ објави дека „Северен тек Аг“ во јули ќе ги запре двата гасоводи на 10 дена.

„Од 11 јули до 21 јули 2022 година, Nord Stream Ag привремено ќе ги затвори двете низи на гасоводот Северен тек за да ги изврши планираните работи за одржување, вклучувајќи тестови на механички компоненти и системи за автоматизација, за да обезбеди ефикасно, безбедно и сигурно функционирање на гасоводот. “, стои во белешката пренесена од Интерфакс.

Од Норд стрим Аг, компанијата што управува со бизнисот, 51% ја сочинува Газпром.

Во меѓувреме, информативната агенција ТАСС, повикувајќи се на Меѓународната агенција за енергетика, објави дека во јуни, за прв пат во историјата, земјите од ЕУ увезувале повеќе течен природен гас од САД отколку од Русија.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....