21.8 C
Скопје
08:36 - 17 август, 2026

ЕУ замрзна 22 милијарди евра за Унгарија, Орбан мора да исполни неколку услови

Европската комисија соопшти дека ќе ги замрзне фондовите на Европската Унија наменети за Унгарија во вредност од 22 милијарди евра.

„Сè додека условите не бидат исполнети, Комисијата не може да ги надомести трошоците кои ги побарува Унгарија“, кажа портпаролот на Комисијата Стефан де Керсмекер.

Мерките ќе бидат на сила сè додека унгарската влада со Виктор Орбан на челото не ги исполни условите кои се однесуваат на независноста на правосудството, академските слободи, правата на ЛГБТ популацијата и политиката за азил, пренесува Ројтерс.

Кохезиските фондови на ЕУ наменети за Унгарија се дел од долгорочниот буџет на ЕУ од 2021 до 2027 година. Средствата се доделуваат и во рамки на залагањата за изедначување на животниот стандард меѓу најбогатите и најсиромашните членки на Унијата, односно се исплаќаат како надомест за веќе потрошените средства на договорени цели.

Унгарија требало да потроши дваесет и две милијарди евра за програми кои вклучуваат образование на сиромашните деца, унапредување на железничкиот сообраќај, како и помош за регионите во кои се затворени термоцентралите.

Ројтерс истакнува дека пречките која Унгарија треба да ги надмине за да ги добие средствата се контроверзниот закон против пропагирање на идеологијата на ЛГБТ во училиштата, потоа загрозените академски слободи и правото на азил.

„Унгарија не ја почитува Повелбата на ЕУ за основните права“, кажа портпаролот на Европската комисија.

Будимпешта и Брисел се долго во судир околу владеењето на правото, корупцијата, третманот на сексуалните малцинства, образованието и миграциската политика.

Покрај кохезиските фондови, Европската Комисија блокира и 5,8 милијарди евра донации на Унгарија од ЕУ фондовите за заздравување.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 август: Бидете внимателни пред да се одлучите на голем чекор

apostolova

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.
Се вчитува....