7.6 C
Скопје
11:30 - 19 февруари, 2026

Арсовска контра генералниот секретар Велковски – не дал оставка, сакал да мести милионски тендер

Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска спротивно на тврдењата на генералниот секретар Ѓоко Велковски дека сам поднел оставка информира дека Велковски е разрешен заедно со директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински, поради, како што наведуваат обиди за влијание во јавна набавка со милионски суми.

Пред реакцијата на Град Скопје го објавивме ставот на Велковски кој пак тврди дека бил разочаран од, како што вели „слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје“.

Но, еве што вели кабинетот на Арсовска:

„Од функцијата Секретар на Град Скопје, во петокот е разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ. Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер. Градот Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани“, се вели во соопштението.

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....