11.8 C
Скопје
00:21 - 31 март, 2025

Актерот Васко Мавровски заврши во полициска станица поради фејсбук статус – го пријавила министерката за култура

Битолскиот актер, Васко Мавровски заврши на распит во полициска станица и доби опомена поради статус на социјалната мрежа Фејсбук. Актерот тврди дека во полиција го пријавила министерката за култура затоа што тој коментирал нејзина изјава за штедење струја – побарал да биде наградена со продолжен кабел.

„Ми беше соопштено дека тие реагираат по пријава на министерката за култура, госпоѓата, Бисера Костадинова – Стојчевска, која почуствувала загрозеност за нејзиниот живот и нејзиното здравје и на нејзиното семејство со споменатиот продолжен кабел во мој фејсбук пост објавен неколку часа претходно. Постот се однесуваше на нејзината изјава за тоа дека во Штип се одиграле 122 настани и дека заштедиле 35 отсто електрична енергија. Мојот коментар, беше, од кога културните настани ги оценуваме по заштеда на енергија, а не на квалитет, изјави македонскиот актер.

Тој бил повикан од работното место во битолскиот театар, а како што вели, полицијата инститирала веднаш да биде спроведен. По краткиот распит, од СВР Битола велат дека Мавровски бил предупреден во врската со поплаката на министерката за култура.

„Бев 40 минути распрашуван од страна на полицискиот службеник и бидејќи се констатираше дека нејзиниот живот не е загрозен бев ослободен од страна на полицискиот службеник. Ова лично го доживувам како притисок, пред се, политички, го чувствувам како газење врз честа и достоинството на културните работници, особено на еден уметник, актер, кој што е од нејзиниот град кој што многу добро лично ме познава и сметам дека овој начин се цензурира слободната уметничка мисла и се цензурираат неистомислениците , бидејќи јас сум меѓудругото и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола“, вели Мавровски кој бил повикан на информативен разговор во полиција само неколку часа откако коментирал на Фејсбук.

Еве што содржи постот што го објавил актерот, а во врска со енергетската криза, една од најактуелните и најкоментирани теми.

„Еве, на четерисет и некоја дознав дека квалитетот на културните настани се мери со заштеда на електрична енергија. Дали, ваквите неадекватни изјави се должат на ПМ радиоактивни видшани честици од воздухот во Битола или блискиот контакт со шефот на РЕК, од кој очекувам во скоро време на сите шедачи по метро и пол продолжен кабел да ви подари (повеќенаменески)“, гласи статусот поради кој битолскиот актер, синоќа завршил на распит во полиција.

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....