10.8 C
Скопје
18:52 - 11 март, 2026

Вкусови што се памтат: Руска кујна – Руски компир со ракчиња (РЕЦЕПТ)

Screenshot YouTube

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

Петок, сите имаме повеќе време па затоа се одлучивме за еден малку помодерен рецепт кој веруваме ќе им се допадне и на најпребирливите

Состојки:

– 300гр ракчиња
– 1 главица кромид
– 4 средни компири
– 1 парче лимета
– 150мл масло
– 1/2 лажиче свежо мелен црн бибер
– 200мл бело вино

Подготовка:

Пред употреба ракчињата треба да бидат добро измиени и посолени.

Во длабока тава за пржење ставете малку маслиново масло и ставете кромид малку да се запржи, а потоа додате ги ракчињата и убаво запржете ги. Во тавата додадете го белото вино и оставете ги неколку минути да впијат ракчињата од виното.

Во друг сад длабок огноотпорен сад сварете ги компирите потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Потоа врз компирите додадете ги ракчињата заедно со течноста од вино и кромид. Измешајте ги сите состојки внимателно и оставете ги на тивок оган уште 5 мунути.

Тргнете го садот од оган и послужете во длабок сад. Попрскајте со свеж сок од лимета.

Добар апетит!

Слични објави

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Еспресо

Садење медитерански билки: Што им е потребно на лавандата, жалфијата, рузмаринот и ловорот?

Еспресо

Донесете пролетни вкусови на трпезата со печурки полнети со спанаќ и сирење

Еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо
Се вчитува....