5.8 C
Скопје
05:39 - 1 април, 2026

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Бомбици од 4 состојки без печење (РЕЦЕПТ)

Unsplash

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогати со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Овојпат можеби нема да поканите гости за да уживаат во нив, но гледајте ја позитивната страна, сите ќе бидат за вас.

Состојки:

– 400 гр. печени несолени кикирики
– 450 гр. урми
– 400 гр. бела таан алва
– 200 гр. маргарин
– 100 гр. црна чоколада или какао прав

Подготовка:

Печените кикирики треба да бидат мелени, но не многу ситно туку на покрупни парчиња. Свежите урми ги сечете на поситни парчиња и заедно со кикириките ги ставете ги во подлабок сад.

Во подлабокиот сад додадете ги маргаринот и алвата исечени на помали парчиња.
Со раце ја замесувате цела смеса за убаво да се соединат сите состојки.

Со двете раце формирајте топчиња, бомбици кои ќе ги поставувате во хартиени корпи за колачи. Претходно по желба извалкајте ги со рендана црна чоколада или какао прав.

Внимавајте, толку се вкусни што нема да успеете да изеде само една.

Добар апетит!

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....