05:09 - 7 април, 2026

Уживајте во него ова попладне: Совршен зимски сладолед од само една состојка

Сладоледот не мора да биде забранет десерт поради кој често чувствуваме грижа на совест – постои здрава и подеднакво вкусна варијанта која лесно се подготвува и ганатира исто уживање, а може да ја јадете во секој период од годината.

Пред вас е наједноставниот рецепт за вкусен и здрав сладолед во кој можете да уживате во зимските месеци, кога ќе посакате да се почастите со вкусен десерт, а сте мрзеливи да подготвувате колачиња и торти.

Бананите исецкајте ги на кругчиња а потоа во затворен сад или кесичка држете ги два часа во замрзнувачот. По два часа и само пет минути матење во блендер ќе добиете совршен домашен и сосема природен сладолед.

Фото: Профимедиа

Можете да додадете нешто по ваша желба, па сладоледот од банана да го претворите во сладолед од банана со лешници, бадеми, ореви, крем, мед, шумско овошје, карамела, џем… поиграјте си со вкусовите и потоа уживајте.

Ќе се заљубите во неговиот вкус, па ќе го подготвувате постојано!

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....