07:43 - 14 ноември, 2026

Триаголници со готови кори и фил по ваша желба

За овој рецепт потребни ви се само купечки готови кори и идеја за солено или слатко полнење. Ние ви предлагаме пица фил, омилен на речиси сите.
Потребно ви е: 1 пакување готови кори, 200 мл масло, 200 мл кисела вода. За фил: 200 гр сечкана шунка на коцкички, 200 гр сечкан кашкавал на коцкички, 200 гр сечкани шампињони (можете маринирани), кесичка кечап, оригано, сол, сусам за валкање

Подготовка:
Секоја готова кора одвојте ја и премачкајте ја со четка потопена во масло,  превиткајте ја навнатре од двете страни и ставете рамномерно од пица филот и преклопувајте во облик на триаголник. Секој триаголник премачкајте го со кисела вода и извалкајте го во сусам.  Потоа, во плех на кој сте ставиле хартија за печење, ставете ги триаголниците и печете ги околу 20 минути на 200 степени.
Треба да фатат убава коричка. Откако ќе се испечат, оставете ги да се ладат покриени со крпа на кратко.
Послужете ги со јогурт, чај, цеден сок за појадок.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....