01:30 - 2 април, 2026

(РЕЦЕПТ) Мус од кафе

Состојки:
100 грама чоколадо за готвење
10 лажички инстант кафе
5 јајца
100 грама шеќер
350 милилитри слатка павлака

Подготовка:
Во врела вода ставете го кафето, убаво измешајте го, а потоа во него додајте го и искршеното чоколадо. Мешајте додека не се растопи чоколадото. Вака подготвената течност оставете ја убаво да се излади.
Потоа одделете ги белките од жолчките.
Жолчките убаво изматете ги во миксер, притоа додавајќи им малку шеќер. Изматете ја половината од слатката павлака и убаво измешајте ја во садот каде што претходно ги матевте жолчките. Во кремот што ќе го добиете, додајте ја изладената мешавина од чоколадо и кафе.
Потоа изматете ги и белките и додајте го во нив и кремот од чоколадо и кафе. Смесата ставете ја во декоративни чаши и оставете да се лади во фрижидер околу еден час.
Остатокот од павлаката изматете го и украсете го десертот.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....