03:52 - 5 април, 2026

Превкусен, а едноставен рецепт: Торта со боровинки

Состојки:
300 грама брашно
300 милилитри млеко
150 грама свежи боровинки
150 грама шеќер
100 грама путер
1 јајце
1 прашок за печиво
малку сол

Подготовка:
Во подлабок сад ставете ги јајцата и шеќерот, а потоа со миксер, вклучен на
најголема брзина, убаво измиксирајте ја смесата. Во садот додајте го млекото,
а потоа и растопениот и изладен путер. Измешајте убаво со лажица и на крај
додајте ги брашното, прстофат сол и прашокот за печиво. Повторно убаво
измешајте ја смесата.
Боровинките извалкајте ги во брашно и додајте ги во смесата.
Промешајте и ставете ја вака подготвената смеса во сад за печење.
Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 30
минути.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо
Се вчитува....