14.8 C
Скопје
14:52 - 17 март, 2026

Похован леб со бадеми е вистинско уживање!

Повеќето го јадат за доручек, но навистина е добар и доколку станувате подоцна и имате мамурлак.

Похован леб јадеме многу често, а најмногу во слатко издание. Еден од повкусните рецепти е оној со тостирани бадеми и шеќер во прав, на кого навистина е тешко да се одолее. Припремата трае некои 15 минути, но би било убаво лебот некое време да отстои во ладилникот пред печење.

СОСТОЈКИ:

– 100 грама бадеми како листови
– 3 јајца
– 250 милилитри млеко
– 3 лажици брашно
– малку сол
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– 1/2 лажичка екстракт од бадеми
– 6 тенки кришки леб (или 12 од багет)
– 3 лажици сончогледово масло
– шеќер во прав


ПРИПРЕМА:

1. Пропржете ги ливчињата бадеми и кога ќе добијат златникава боја, тргнете ги од ринглата.

2. Тавата обложете го со хартија за печење.

3. Во голем сад измешајте ги јајцата, млекото, брашното, прашокот за пециво, солот и екстрактот од бадеми.

4. Натопете ги кришките од двете страни во смесата, ставете ги на тавата и префрлете ги во ладилникот на саат време да отстојат.

5. Загрејте го сончогледовото масло во тавчето. Лебот од едната страна посипете го со бадеми, па пржете го по неколку минути на двете страни.

6. Пред да ги послужите кришките, ставете шеќер во прав.

Пријатен апетит!

Слични објави

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Еспресо

Садење медитерански билки: Што им е потребно на лавандата, жалфијата, рузмаринот и ловорот?

Еспресо
Се вчитува....