34.7 C
Скопје
16:10 - 15 јули, 2026

Пилешко по рецепт на Елизабет Тејлор

Елизабет Тејлор ќе остане запаметена по епската филмска кариера и се разбира, по турбулентниот љубовен живот. Беше жена што знаеше да ужива во животот и неговиот задоволства, а нејзиниот рецепт за пилешко ќе направи и вие да уживате.

Состојки:
1 авокадо, излупено и исечено на коцки, 1 лажица сок од лимон, 1 кг пилешко, исечени на парчиња за сервирање, 1/4 чаша путер + 3 лажици, 3 парчиња мал кромид – ситно сечкани, 3 лажици коњак, 1/3 чаша суво бело вино, 1 чаша крем за готвење, 200 гр исечени свежи печурки, 1 чаша пилешки бујон, Сецкан свеж магдонос за гарнир.

Подготовка:
Посипете го авокадото со сок од лимон. Покријте и ставете го во фрижидер. Зачинете го пилешкото со сол и бибер. Во голема тешка тава, на тивок оган, загрејте 3 до 4 лажици путер и пржете го пилешкото околу 35 до 40 минути. Користете две тави ако е потребно, додавајќи повеќе путер по потреба.
Готвеното пилешко префрлете го во сад за сервирање. Нежно покријте со алуминиумска фолија и оставете го во затоплена рерна, 15 минути додека го подготвувате сосот. За да го направите сосот, во тавчето додајте го кромидот. Гответе на средна топлина, мешајќи ги и стругајќи ги страните и дното на тавата со дрвена лажица. Додадете коњак и вино и оставете да зоврие. Се вари додека смесата речиси не испари. Додадете крем и гответе уште 5 минути. Додадете пилешки бујон во смесата и гответе на средна температура, постојано мешајќи додека не се згусне.
Додека се готви сосот, пржете ги печурките на силен оган во путер. Во сосот додадете ги печурките и коцките авокадо. Мешајте додека убаво да се соедини. Прелијте го на пилешко и посипете со магдонос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Taylor (@elizabethtaylor)

Слични објави

„Сега ги има овие од 100 евра“: Карлеуша ја поткачи девојката на Тошиќ, па откри кој бил подобар сопруг

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ направила хаос во трговски центар во Белград, обезбедувањето морало да реагира

apostolova

(Фото) Анабела го покажа своето тело во шестата деценија: Никој не може да поверува како изгледа

Еспресо

(Фото) Синот на Антониа и Роберт наполни три години – погледнете како Џокер стана Спајдермен

Еспресо

(Фото) „Низ неговите очи…“: Ела Дворник објави романтични фотографии, никогаш не изгледала посреќно

Еспресо

Јулија Мациевска ја наслика Богородица

Еспресо
Се вчитува....