09:12 - 2 април, 2026

Оваа тајна состојка на вареното вино ќе му даде посебно фина арома

Постојат многу варијации на тема варено вино, но основниот рецепт би изгледал вака:

Состојки:
1 литар црно вино
7 каранфилчиња
150 – 200 мл вода
5-7 лажици шеќер
1 пакетче кора од цимет
по желба кора од портокал

Подготовка:
Во вода растопете го шеќерот, додајте цимет и каранфилчиња и варете додека отприлика половина вода не испари. Ставете го виното и оставете го да зоврие. Вареното вино послужете го во топли шолји или во чаши со метална рачка.

Тајната состојка
Ако сакате вареното вино да ви добие посебна арома, во него ставете неколку зрна бибер и варете го со другите зачини. Црниот бибер ќе ви послужи и ако при рака немате каранфилчиња.

Исто така, при сервирањето во шолјата ставете парче портокал, ќе му даде на виното посебен вкус.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....