00:39 - 13 април, 2026

На диета сте? Овие 6 вкусни напитоци ќе ве наполнат со енергија

Доколку сте на диета и немате замислено што би јаделе, еве рецепт за шест вкусни напитоци кои се одлична замена за ужина.

1.Смути во комбинација со овошје и зеленчук

Состојки:

  • 1 шолја замрзнати боровинки
  • 1 шолја замрзнати јагоди
  • 2 шолја млад спанаќ
  • 2 лажици мед
  • 1 ¼ шолја вода
  • 3,4 супени лажици бадеми
  • 1 лажица ленено семе
  • Мало парче ѓумбир, излупен и исечкан
  • ¼ овесни снегулки

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, а кога ќе се соединат, уживајте во богатството на вкусовите.

 2. Совршено смути со јаболко

Состојки (за едно лице):

  • 1 јаболко
  • половина лажичка цимет
  • 1/8 лажичка свежо изрендано морско оревче
  • половина шолја јогурт
  • 2 супени лажици млеко
  • 1 шолја мраз
  • цимет за декорација

Подготовка:

Соединете ги состојките во блендер и украсете со цимет.

 3. Смути за концентрација

Состојки:

  • 1 шолја боровинки
  • 1 шолја сок од калинка (или калинка со малку вода)
  • 2 лажици од зелениот дел на изникната пченица
  • ¼ шолја бадеми
  • 1 авокадо (може, но не мора)

Подготовка:

Изблендирајте ги состојките и уживајте во здравиот напиток.

4. Смути од ананас

Состојки:

  • 1 шолја вишни, замрзнати
  • 1 шолја парченца ананас
  • 1 шолја сок од портокал
  • половина банана
  • Половина шолја јогурт

Подготовка:

Прво ставете го сокот од портокали во блендерот, потоа додадете ги другите состојки.

5.Смути Бери – ванила сензација

За 2 смути е потребно:

  • половина шолја замрзнати малини
  • Половина шолја замрзнати јагоди
  • ¾ шолја незасладен сок од ананас
  • 200 мл јогурт
  • eкстрат од ванила

Подготовка:

Блендирајте додека добиете компактна смеса.

6. Смути со свежи зачини

Состојки:

  • 200 гр замрзнати малини и 200 гр замрзнати јагоди
  • свеж ѓумбир (за појак вкус 4-5 резанки за поблага варијанта 3 резанки)
  • 5-6 средни листови свеж босилек
  • 4 листа свежо или сушено нане
  • 400 мл вода (може и газирана)
  • Шеќер/мед или засладувач

Подготовка:

Сè заедно изблендирајте.

 

 

 

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....