11.8 C
Скопје
06:56 - 10 октомври, 2026

Ќе ви ги задоволи сетилата: Пикантна пилешка супа

Состојки:

250 грама пилешко месо
неколку чешниња лук
1 главица кромид
50 грама масло за јадење
1 лута зелена пиперка
1 домат
сол
100 милилитри слатка павлака
2 жолчки

Подготовка:

Во тенџере ставете го маслото за јадење, а потоа додајте ги ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот лук и пиперката што сте ја исечкале на коцки. Кратко пропржете, а потоа во садот ставете ги и парчињата пилешко месо.

Пржете го месото неколку минути, а потоа додајте вода да го облее месото и оставете го убаво да се свари. Кога месото ќе омекне, додајте го блендираниот домат и зачините и продолжете да варите уште неколку минути.

Доколку е потребно, додајте уште малку вода и продолжете да варите. На крај, кога состојките ќе бидат комплетно варени, во садот додајте ги павлаката и изматените жолчки.
Варете уште 5 минути. Со тоа јадењето е готово.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....