11:38 - 5 декември, 2025

Добро е да се знае: 5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Иако многумина мислат дека е лесно, сепак, бирањето на свеж, сочен и совршено зрел домат и не е така едноставна работа. Кога веќе сте решиле да платите за оваа исклучително здрава намирница, тогаш, научете се и како да ја одберете.
Со редовното консумирање на овој зеленчук, значително ќе му помогнете на вашето тело да ги „надополни“ намалените количества на калиум, калциум, натриум и магнезиум кои имаат исклучително важна улога за одржувањето на имунитетот. Како да одберете добар домат?

Внимателно посматрајте ја кората на доматот
Доколку доматот има темно црвена боја, без на неа да има видливи набори или пак пукнатини, најверојатно станува збор за свеж плод. Светлата боја на кората на доматот или пак светло розевата боја, ви открива дека производот најверојатно се уште не ја достигнал својата зрелост бидејќи бил набран пред да биде вистинското време за тоа.
Домат кој треба да избегнувате да го купувате е оној кој на прв поглед има набори на кората или пак одредени темни точки. Ваквиот домат најверојатно веќе започнал да се расипува.

Помирисајте го
Еден од најдобрите начини за да ја утврдите свежината на доматот е да го помирисате. При мирисањето на плодот, доколку почувствувате дека мирисот му е навистина интензивен, тогаш во вашите раце го имате вистинскиот домат. Доколку пак додека мирисате не ја почувствувате вистинската арома на зрел домат, во тој случај оставете го плодот и побарајте си нов. Доматите кои не мирисаат убаво, немаат ниту убав вкус.

Притиснете го плодот со врвовите на прстите
Зрел и квалитетен домат најдобро се чувствува на допир. Тој треба да биде доволно цврст за да можете да го притиснете со прстите без да се плашите дека ќе ви „експлодира“ во рака, а истовремено да не ви биде претврд што пак би било доказ дека е недоволно зрел.

Складирајте ги правилно
Доматите кои веќе сте решиле да ги купите, обидете се и да ги складирате правилно за што е можно подолго да им ги зачувате нивната боја, арома но и хранливите состојки и витамините. Затоа, најдобро е да ги чувате на собна температура, а во фрижидер ставајте ги само доколку планирате да ги готвите.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....