09:34 - 7 април, 2026

Црвени пиперки полнети со јајца и со сирење

Состојки:
– 12 црвени пиперки
– 350 грама кравјо сирење
– 4 јајца
– 1 лажица брашно по потреба
– 1 домат
– ¼ магдонос од китката, ситно сечкан
– масло
– сол

Подготовка:
Измијте ги пиперките, излупете ги и добро исчистете ги од семето. Посолете ги
малку однатре.
Изматете ги јајцата и измешајте ги со иситнетото сирење, по желба додајте го
излупениот и ситно сечкан домат. Ако смесата треба да биде погуста, тоа ќе го
постигнете со 1 лажица брашно. На крајот додајте малку исечкан магдонос.
Наполнете ги пиперките со смесата, отворот натопете го во садот со брашно.
Наредете ги во подмачкана тава. Испрскајте ги со обично или со маслиново
масло.
Ставете ги пиперките полнети со јајца и сирење да се печат во претходно
загреана рерна на 180 степени 30 минути или додека не бидат готови.
Служете ги пиперките со уште малку ситно исечкан магдонос.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....