5.8 C
Скопје
03:09 - 31 март, 2026

ВИРУСОТ ИЛИ НАСТИНКАТА ВИ ГО ЗАТНА НОСОТ? Ова се шест природни лекови против затнат нос, ќе се чувствувате веднаш подобро!

Ниските температури и сезоната на грипови очекувано можат да предизвикаат „затнат“ нос кој пак ни создава нервоза поради отежнатото дишење. Не посегнувајте веднаш по капки за нос зашто постојат многу делотворни природни начини за да го исчистите и „отнете“ носот.

Истуширајте се со врела вода – Ќе ви помогне да ги исчистите дишните патишта и да го „отнете“ носот. Затворете ја вратата на бањата за да ја зачувате топлината и да ја зголемите температурата, речиси како во сауна. останете половина час под тушот, под млаз жешка вода или во када напонета со жешка вода. Благодарение на интензивната топлина и пареа веднаш ќе се чувствувате подобро.

Есенцијални/етерични масла – Одберете етерично масло од еукалиптус, лаванда или нане, па истурете неколку капки во кадата наполнета со топла вода во која претходно сте ставила морска сол и содабикарбона. Оваа купка е суперделотворна против затнат нос.

Топол планински чај – најдобро ако е природен. Пијте од топлиот чај бавно, голтка по голтка, вдишувајќи од пареата. Ваквото конзумирање ќе го смири воспалението и ќе помогне да се исчисти носот. Камилицата исто така е корисна, како и свежиот рузмарин, но не е за оние кои имаат низок крвен притисок.

Исфрлете ги млечните производи од исхраната – Прекумерниот внес на млечни производи влијаат на производството на слуз. Ако носот ви е затнат, заборавете извесен период на нив. Конзумирајте што повеќе супа од сезонски зеленчук и природни сокови од цитрусни овошки.

Инхалирање – Зовријте вода во која сте ставиле морска сол. Покријте ја главата со крпа и правете длабоки вдишувања за да ја вдишите пареата. За поинтензивен ефект додадете во водата и есенцијално масло од еукалиптус.

Зачини – Лутата пиперка, куркумата и ѓумбирот се сојузници на благосостојбата. Подгответе јадење од зеленчук, жешка супа или чај од билки и искористете ја моќта на зачините за да го исчистите носот, но и за да го стимулирате имунолошкиот систем.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....