0.8 C
Скопје
05:12 - 27 декември, 2024

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Дијабетесот тип 2 предизвикува проблеми со производството на инсулин, а како резултат на тоа, шеќерот во крвта може да порасне на ризично ниво. Ако состојбата не се лекува правилно, може да доведе до оштетување на нервите, па дури и срцев удар.

Појадокот може да има значително влијание врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта, велат ендокринолозите. Освен што е важно она што се јаде, важно е и во кое време се појадува.
Една студија покажала дека луѓето кои појадуваат рано имаат помал ризик да развијат дијабетес тип 2. Притоа било утврдено дека првиот оброк во денот треба да се зема пред 8:30 часот. Луѓето кои појадувале рано имале пониско ниво на шеќер во крвта и пониска инсулинска резистенција од оние кои првпат јаделе по 8:30 .

Како треба да изгледа првиот оброк за дијабетичари?

Пред оброкот, а веднаш по станувањето, би било добро да испиете голема чаша вода. Потоа следува оброк од внимателно избрани намирници.
Менито вклучува јајца, леб без глутен и салата од кисела зелка и динстан зелен зеленчук.
Ако сепак ви се јаде нешто слатко, направете смуди од јогурт со пробиотици, овесна каша и бобинки.
Јајцата би требало да бидат дел од исхраната, но најдобро е да ги готвите без додавање сол или маснотии. На пример, варени или печени, без додадена сол, изматени без путер и наместо кисела павлака и полномасно млеко користете млеко со малку маснотии. Избегнувајте пржени јајца, бидејќи тоа може да ја зголеми содржината на маснотии за околу 50 отсто, нагласуваат ендокринолозите.
Овесот е, исто така, одличен избор за дијабетичарите. Овесната каша има низок гликемиски индекс, па помага во одржувањето на нивоата на гликоза. Овесната каша е богата со влакна, што значи дека може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвта, да го олесни варењето и да се бори против гладот ​​до крајот на денот.
Овошјето, исто така, може да биде одлична опција за појадок. Исхраната што содржи доволно овошје може да го намали шеќерот во крвта, да го намали ризикот од дебелина, срцев удар и мозочен удар. Плодовите имаат многу влакна и хранливи материи, што ги прави одличен избор за првиот оброк во денот. Додадете јогурт и малку јаткасти плодови кои ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити.
Ендокринолозите нагласуваат – наместо бел леб, одлучете се за интегрална верзија како што е лебот со семки од тиква, житарки, соја и ленено семе. Таквиот леб е многу подобар избор за дијабетичарите, но и за здравјето на дигестивниот систем.
Ваквиот оброк, освен тоа што е одличен за луѓето што страдаат од дијабетес тип 2, добар е и како превенција, па затоа се препорачува за сите.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо
Се вчитува....