0.8 C
Скопје
18:48 - 21 февруари, 2025

Топло какао? – Одличен избор: Здравствени придобивки од какаото за кои сигурно не сте знаеле

unsplash

Студеното време нè привлекува во топлината на нашите домови, нè тера да се завиткаме во меките ќебиња и да уживаме во пријатен топол пијалок. За многумина, една чаша топло какао претставува инстантно враќање во детството. Какаото беше дел од сечија кујна, а нашите баби и мајки често знаеја да нè израдуваат со овој магичен пијалок.

Денес, студиите потврдуваат дека какаото покрај тоа што е превкусно, тоа е и навистина здрав пијалок кој треба почесто да се користи, особено во есенско зимскиот период.

unsplash

Флавоноидите се мали молекули кои се наоѓаат во широк спектар на овошје и зеленчук и се знае дека штитат од срцеви и васкуларни заболувања.

Какаото има висок процент на флаванол и откриено е дека нуди многу здравствени придобивки. Една студија објавена неодамна покажа дека флаванолите на какао ја зголемуваат оксигенацијата на одредени области на мозокот, како и дека ја подобруваат когнитивната функција кога когнитивната „потреба“ е голема. Во суштина, флавонолите од какао му помагаат на мозокот да добие повеќе кислород и да ги подобри меморијата и функциите на критичко размислување.

Додека точниот механизам сè уште не е целосно објаснет, се верува дека азотниот оксид игра клучна улога. Всушност, зголемените нивоа на азотен оксид во крвните садови ја зголемуваат нивната способност да се шират, а со тоа се намалува вкупниот крвен притисок. Познато е дека намалувањето на крвниот притисок значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни и цереброваскуларни компликации.

unsplash

Покрај флавонолот, какаото има и многу полифеноли, кои се потентни антиоксиданти кои најчесто се присутни во овошјето, зеленчукот и чаевите. Додека полифенолите помагаат при намалување на крвниот притисок, тие исто така го намалуваат системското воспаление, го намалуваат нивото на „лошиот“ холесторол и го подобруваат нивото на гликоза во крвта. Генерално, овие ефекти го намалуваат ризикот од сериозни здравствени настани како што се срцев и мозочен удар.

Иако можеби е попримамливо е да се фатите за комерцијалните производи од чоколадо, сепак нареден пат одлучете се за какао во прав. Повеќето производи од чоколадо се преработуваат, а колку повеќе се преработува какаото, толку помалку здравствени придобивки ќе добиете.

Многу миксови со топло чоколадо содржат додатоци на шеќер и масти, затоа задолжително прочитајте го составот! Подготовката на топло какао е толку едноставна, а вашиот мозок навистина заслужува малку поттик.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Најпосакуваниот подарок за роденден

Еспресо

Пет причини зошто да ја одберете Европска очна болница: Персонализирани третмани и иновативни решенија за оптимален вид

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Прецизна уролошка метода за решавање на машкиот стерилитет

Еспресо

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е ПАП-тест и зошто треба редовно да се прави

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е доплер на каротиди, за што се користи и кои се придобивките

Еспресо
Се вчитува....