14:07 - 9 јануари, 2026

Татјана Пецакова, дипл. медицинска сестра, болница „Санте Плус“: Есента и новороденчињата

Есента е тука, започна променливото дождливо и ветровито време, а сончевите денови се сè помалку присутни.

Новите родители често се во дилема како да го облекуваaт новороденчето во домашни услови, дали се дозволени прошетки и на која температура треба да ја загреваат просторијата во која престојува бебето.

До моментот на породување, бебето се наоѓа во утерусот на мајката, а тоа е идеална средина, со идеална температура, но со самото завршување на породувањето, тоа се приспособува на надворешната средина.

Температурата на просторијата во која престојува треба да се движи од 22 до 23 степени, а за време на капењето температурата треба да се зголеми за 2 до 3 степени Целзиусови.

Облеката треба да биде чиста, памучна, да се користат благи детергенти, а омекнувачите да бидат отстранети од употреба. Во домашни услови доволна е двослојна облека (боди и шпилхозни), на нозете да се стават чорапи и капче на главата по капење. Прекривките се задолжителен дел, особено за време на спиење.

Фото: Промо

Мајките се советуваат да не ги облекуваат бебињата со премногу облека и да не ја претоплуваат просторијата, во тој случај постои можност да им ја зголемат телесната температура.

Првите 15 дена се време на адаптација, затоа пожелно е и потребно е новороденчето да биде опкружено со мал број членови што ќе му бидат на помош. А, воедно, тоа треба да биде и заштитено од евентуални инфекции. По завршувањето на периодот на адаптација, доколку есенскиот ден е сончев, воздухот е чист и нема ветер, добро е новороденчето во краток интервал од 5 до 10 минути да биде на воздух (во двор, на балкон), а тие временски интервали постепено да се зголемуваат кога дозволуваат временските услови.

Новороденчето не треба да се изложува на ниски температури, на магливо и ветровито време, сонцето и природата треба да станат негово секојдневие, а кратките прошетки во природа имаат позитивно влијание за здравствената состојба како на бебето така и на родителите.

Облеката за прошетка во есенските денови треба да биде во неколку слоеви (боди, шпилхозни, дуксер или јакна), во зависност од надворешната температура. Доколку е во количка, прекривка е задолжителна.

Сончевите есенски денови искористете ги со вашите новороденчиња, сонцето и природата се неопходни за правилен раст и развој на секој човек.

Специјализираната медицинска сестра Татјана Пецакова од одделот за неонатологија и експертскиот тим на болницата „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консултација на телефоните +389 71 262 323; + 389 2 511 20 16; +389 71 262 692

(Комерцијален ПР текст)

Слични објави

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin
Се вчитува....