4.8 C
Скопје
15:18 - 25 декември, 2024

Тања Турунџиева, нутриционист: Исхрана за поздрав црн дроб

Водењето сметка за здравјето е од суштинско значење, особено кога станува збор за црниот дроб. Овој орган има бројни улоги и затоа се нарекува „тивок орган“. Здравјето и добрата физичка и ментална состојба во голема мерка зависат од навиките што сме ги стекнале во текот на животот.

Тие се стекнуваат особено во семејните кругови, а изложени се и на друштвените влијанија. Очигледно е дека брзиот ритам на времето во кое живееме носи со себе извесно запоставување на здравите навики кои народната мудрост со векови ги негувала.
Потребата да го сочуваме своето здравје и активно да придонесеме за својата добра физичка и духовна состојба, нас нѐ води во потрага за начин на лекување кој има глобален пристап кон здравјето и бара различни причини за одредена органска рамнотежа.

Водењето сметка за здравјето е од суштинско значење, особено кога станува збор за црниот дроб. Овој орган има бројни улоги и затоа се нарекува „тивок орган“. Од традиционалната кинеска медицина, црниот дроб е доведен во врска со херојството. Во текот на владеењето на империите, кога се извршувала смртна казна на разбојникот, јавно се вадел неговиот црн дроб, а со тоа се покажувало дека му е земена храброста. Иако доведувањето во врска со одредени особини на човековиот организам може да ни изгледа претерано, сепак, не сме толку далеку од онаа визија кога треба да се каже „затоа треба да се има црн дроб“, за да ја отсликаме ситуацијата која побарува храброст. Црниот дроб се поврзува и со чувствата, а пример за тоа е една стара поговорка која гласи: „Црниот дроб е марамче кое ги брише неисплаканите солзи“.
Во науката, нарушувањето на жолчното ќесе е поврзувано со меланхолијата која значи „црна жолчка“, а се сметало дека е една од главните причинители која може да доведе до различни нарушувања во организмот.

Анатомија на црниот дроб

Црниот дроб е најголемата жлезда во организмот и веројатно орган од најголема важност на телесниот метаболизам. Неговата функција не се ограничува само на лачењето на жолчен сок кој помага во дигестивните процеси. Функцијата на црниот дроб има централна улога во метаболизмот, таа е комплексна хемиска лабораторија која трансформира материи апсорбирани во цревата и ја прочистува или ја намалува токсичноста на бројни супстанции синтетизирани во метаболитичките процеси. Сместена е во десниот хипохондриум, заштитена со последните ребра од десната страна, речиси е потпрена кон желудникот и под дијафрагмата, мускулот од кој се раздвојува градната и стомачната шуплина.

Тежината на црниот дроб варира од 1,5 до 2 килограми, во зависност од телесната тежина и количината на крвта што ја содржи. Се состои од два лобуса (лев и десен) и е прекриен со двојна фиброзна мембрана која се вика глисонова опна. Ткивото е составено од хепатоцити, основни клетки на црниот дроб и Купферови клетки, кои имаат улога за филтрирање во крвта која доаѓа вена порте. Доколку микроби или штетни имуни комплекси дојдат до црниот дроб по пат на цревата, Купферовите клетки ги деактивираат и ги уништуваат.

Физиологија на црниот дроб

Основната функција на црниот дроб се состои од филтрирање на крвта која доаѓа од вена порте и создаваат ензими кои низ разни каналчиња или низ жолчниот канал се влеваат во жолчната ќеса. Жолчната ќеса е сместена под црниот дроб, а служи за складирање на жолчната течност во случај кога е потребна во процесот на варењето, и тоа отприлика еден час после оброк, во тој момент се контрахира и излева целата содржина низ жолчниот канал, која се влева во дуоденум (дванаесетпалечното црево). Црниот дроб е одговорен и за голем број метаболитички функции. На тој начин, учествува во складирање на витамини и минерали, во создавање и складирање на хормони, како и во неутрализирање на токсини како што се пестициди, дрога и други видови супстанции, од внатрешно или надворешно потекло, како и супстанции настанати со процеси на коагулација на крвта.

Васкуларната функција се состои во филтрирање на импресивна количина од 1,5 литри крв во минута, делумно прочистувајќи од штетните агенси како што се бактерии, ендотоксини, имуникомплекси… Во многу случаи црниот дроб е на другата линија на одбранбениот механизам против супстанциите кои имаат можност да поминат низ слузокожата на цревната мембрана. На тој начин, црниот дроб има два типа на циркулација на крвта: хепатитичка циркулација и портна циркулација, која ги поврзува цревата со црниот дроб. Сета крв која се враќа од цревата протекува низ вена порте. Црниот дроб е вториот филтер низ којшто поминува крвта со хранливите материи и токсините, чие дејство треба да се неутрализира, а особено имуно комплексите и микроорганизмите пред да можат да влезат во големиот крвоток.
Во нормални околности, црниот дроб е способен да ги изврши овие улоги без проблем, но доколку дојде до извесни заболувања како хепатитис или цироза, одредени токсични суптанции можат да дојдат неисфилтрирани во големиот крвоток. Со внесување на одредени супстанции во организмот (храна или на други начини) се провоцира зголемување на индексот на токсични материи на коишто црниот дроб не е навикнат. Во поретки случаи (зависност од дрога), овие материи се од исклучително штетен карактер и не можат да бидат потполно филтрирани. Покрај злоупотребата на лекови, алкохолизам, зависноста од дрога и лошата исхрана можат да придонесат да го заболиме нашиот црн дроб.

Здравата исхрана може прилично да го олесни и ревитализира црниот дроб додека алкохолот и храната богата со животински протеини и масти (особено пржената), најмногу му пречат на црниот дроб. Во тој случај треба да бидеме претпазливи во изборот на намирници и да избереме намирници коишто нема да влијаат негативно на црниот дроб. За да можеме нешто да спречиме или излекуваме преку храната, потребно е да внесуваме одредени нутритиви. Интегралните житарки изобилуваат со групата на Б-витамини кои овозможуваат правилно функционирање на црниот дроб. Овошјето е богато со лесно сварливи шеќери и антиоксидантни витамини кои ја олеснуваат функцијата на црниот дроб.

Лиснатиот зелен зеленчук би требало да се внесува свеж. Обезбедува калиум и други минерали кои се од суштинско значење за решавање на проблемите со црниот дроб. Грозјето е едно од овошјата со природни шеќери и антиоксидантни витамини кои имаат холеретично дејство што го прочистува црниот дроб и го олеснува протокот на крвта кон него. Јаболкото помага во празнење на жолчката и ја олеснува функцијата на црниот дроб. Сливата е овошје што ја избегнува и решава тврдата столица и го стимулира исфрлувањето на органските отпадни материјали. Со мошне малку натриум, масти и протеини, сливата се препорачува како добар прочистувач на дисбалансираниот црн дроб. Вишната е добар антиоксидант, ја чисти крвта, ја поттикнува вистинската работа на црниот дроб и на бубрезите. Со новите истражувања на светско ниво, црната гоџи бобинка води на пиедесталот како едно од овошјата за одличен детокс на црниот дроб.

Артичоката, поради тоа што содржи цинарин и други активни состојки, ја подобрува функцијата на црниот дроб и ги елиминира токсините од организмот. Кромидот содржи есенцијални масла кои ја потикнуваат детоксикацијата, која е една од функциите на црниот дроб. Ротквицата како и цвеклото, кои имаат етерични, специфични супстанции, природно ја стимулираат функцијата на црниот дроб. Медот содржи фруктоза која го олеснува создавањето на гликогенот (состојка слична на скробот) во црниот дроб и ја подобрува неговата функција. Лецитинот содржи холин, кој е важен за црниот дроб и го спречува таложењето на мастите на него. Маслиновото масло, исто така, има придонес за здрав црн дроб. Ова се неколку работи коишто генерално влијаат врз функцијата на црниот дроб.
Доколку установиме или детектираме каква било промена на црниот дроб, треба комплетно и конкретно да направиме промена во нашата исхрана.

Потребен е индивидуален пристап кон исхраната, како и адекватна природна сокова терапија. Во секој случај, при оптоварување на црниот дроб треба да избегнуваме алкохол, сите масти, одредени протеини од животинско потекло, сол која содржи големо количество на натриум, сланина, колбаси, школки, месо, пржена храна и зачини. Немојте да дозволите да ја нарушите функцијата на црниот дроб, бидејќи на тој начин го нарушувате главниот филтер на вашиот организам. Здравјето се чува секој ден со здрава храна.

Тања Турунџиева
Нутриционист

Слични објави

(Видео) Вељко Ражнатовиќ на Копаоник со поранешната: Сè „пука“ од романтика, тој ја бакнува Богдана, таа го бакнува српскиот фудбалер

Еспресо

(Видео) Јосипа Лисац им го честита Божиќ на сите

Еспресо

„Ѓани ме изневери!“: Слаѓа призна дека му ја простила прељубата на фолкерот, ги откри сите детали

Еспресо

(Фото) Северина го украси домот за Божиќ: Лампионите се со ликот и името на синот Александар

Еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ го украси замокот со раскошна декорација: Празнична трпеза, богато накитена елка среде соба

Еспресо

(Фото+видео) Вељко и Богдана во љубовен занес: Интимни фотографии од синот и снаата на Цеца

Еспресо
Се вчитува....