18:31 - 3 февруари, 2026

СТУДИЈА ОТКРИВА ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Семејствата се помалку јадат заедно на маса

семејство

Студија спроведена во Обединетото Кралство на 2.000 родители со деца покажа дека работното време, училиштето и обврските во голема мера влијаат на заедничките оброци. Една третина од британските семејства се поретко седнуваат заедно на трпезата.

Сара Ханли, портпаролка на компанијата што го спроведе истражувањето како дел од кампањата „Fajita Friday“, рече: „Срамота е да се види колку малку семејства поминуваат време заедно на маса“.

семејство

За жал брзото темпо на живот, различните преференции за храна и недостатокот на простор, семејствата честопати се разделуваат кога станува збор за дневните оброци.

„Со ова истражување, сакаме да ги потсетиме луѓето на важноста да поминуваат време заедно, и покрај напорниот живот“, вели Сара.

семејство

Истражувачите укажуваат на важноста на заедничкото време и активности на семејстовто и, како што велат, оброците се најдобриот изговор за обединувања во семејството.

Тие повикуваат да се скратат другите активности што ги спречуваат членовите на семејството да бидат заедно на маса. Тоа се најчесто мобилните телефони, телевизијата и други работи кои го одвлекуваат вниманието.

семејство
Фото: pexels

Еве ги десетте најчести причини што семејствата ги навеле како изговор за да не поминуваат време заедно на масата:

  • различно работно време на партнерот
  • различно време на активности на децата
  • социјални ангажмани, на пример, вечера со пријателите
  • деца огладуваат порано
  • децата јадат пред телевизор
  • активности како одење во теретана
  • времето за спиење на децата е пред возрасните да огладнат
  • нема доволно простор да седат сите заедно
  • алергии на одредена храна
  • еден од партнерите следи одредена диета.

Слични објави

Нада Топчагиќ пронашла богатство вредно 15.000 евра во контејнер: „Не собирам сешто, само гледам што е добро“

Еспресо

Том Круз итно го напушти домот во Лондон вреден 40 милиони евра: Откриена е причината

Еспресо

Нова шокантна изјава на Јована Јеремиќ: „70 отсто мажи имаат проблеми со потенцијата“

Еспресо

Се породи Милица Тодоровиќ: На свет донесе машко бебе

Еспресо

(Видео) Заборавен хит: Ова е единствената песна што Цеца ја отпеа на странски јазик

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус без грам шминка и само по чипкан градник: „Сонувам дури и кога сум будна“

Еспресо
Се вчитува....