17:22 - 5 декември, 2025

Симптоми кои предупредуваат дека мора да ја проверите тироидната жлезда

Штитната жлезда е најголема ендокрина жлезда во човековиот организам. Ги лачи хормоните T3 (тријод тиронин) и T4 (тироксин).

Овој ендокрин орган со форма на пеперутка е одговорен за регулирање на метаболните процеси во телото и клеточната респирација. Главната функција на тироидната жлезда и причината за нејзиното постоење е производство и лачење на тироидните хормони Т4 и Т3. Хормоните на тироидната жлезда се главните регулатори на организмот и се клучни за сите процеси што се одвиваат во сите органи и ткива.

Здравата тироидна жлезда со производството на хормоните му помага на телото при користењето на енергијата, загревањето, и го поддржува правилното функционирање на мозокот, срцето и мускулите.

Симптомите се појавуваат кога штитната жлезда не функционира правилно, што е показател дека мора да одите кај лекар.

Хипотироидизам – симптоми
Според лекарите, класичен симптом на хипотироидизам (недоволно активна тироидна жлезда) може да вклучува замор, мала отпорност на настинка, запек, чувствителност на студ, нередовна менструација, „магла во главата“, сонливост, сува кожа, слаба и кршлива коса, опаѓање на косата, зголемување на телесната тежина и покрај намалениот апетит, депресија, отоци на рацете и нозете… Повремено можно е да има оток на предниот дел од вратот како последица на гушавост.

Хипертироидизам – симптоми
Премногу активната тироидна жлезда ќе покаже симптоми на прескокнување на отчукувањата на срцето, забрзано чукање на срцето и зголемен крвен притисок, анксиозност, тремор, интензивна чувствителност на високи температури, претерано потење, нередовни менструални циклуси, отежнато спиење, губење на килограмите и покрај зголемениот апетит, зачестено празнење на цревата проследено со пролив, слабост во мускулите, тресење на рацете…

Ако сте забележале само еден од овие симптоми, тоа не мора да значи дека имате проблеми со тироидната жлезда.

Важно е да се знае дека сите спомнати симптоми не се специфични за тироидната жлезда, но ако сте забележале речиси сè, тогаш е време да посетите лекар.

 

 

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Рак на тестиси

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Не чекај знак, прегледај се навреме!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања

Еспресо
Се вчитува....