-2.2 C
Скопје
20:19 - 22 декември, 2024

Сексуалниот апетит се враќа и со чај: Овие билки ја зголемуваат сексуалната моќ

чај

Постигнување и одржување на ерекција е проблем со кој се соочува секој четврти маж по педесеттата година од животот, а главната причина за импотенција е лошата и недоволната циркулација на крв низ ткивото на пенисот.
На сексуалната моќ на мажот влијааат и психолошки тегоби, кои предизвикуваат проблеми на работа или пак лошите партнерства, но и болести на ‘рбетот и на нервниот систем. Врз машката потенција негативно влијаат и некои лекови, особено антидепресиви и антихипертензиви (лекови за висок крвен притисок).

Ослабената потенција може да биде резултат на хронични болести како што се дијабетес, каде шеќерот ги оштетува крвните садови или зголемени нивоа на масти во крвта, создавајќи масни наслаги, стеснување на крвните садови, што го попречува снабдувањето со крв. На потенцијата може, исто така, да влијае и тироидната жлезда, болеста на која не се отпорни ниту мажите, па затоа поради намаленото либидо треба да се менуваат животните навики.
Пред сѐ, потребна е избалансирана исхрана… Недостатокот на цинк на пример, ја намалува плодноста и потенцијата, а недостатокот на магнезиум предизвикува зголемен стрес и го намалува квалитетот на спиењето.
Се препорачува да се јаде што повеќе овошје и зеленчук, житарки, млечни производи со помалку маснотии, говедско месо, школки, шунка, сина риба, рогач, портокали, кељ, зелка, леќа, јајца и ореви. Оваа храна е богата со цинк, холин, лецитин и витамин Ц, кои се важни за плодноста и потенцијата. Мора да се престане со пушење затоа што никотинот ги стеснува крвните садови и го зголемува ризикот од атеросклероза, како и на процесот на задебелување и оштетување на васкуларниот ѕид.
Имено, посилна атеросклероза во крвните садови на пенисот најчесто е причина за импотенција кај постари мажи. Меѓу другото, неопходно е да се движите и да останете на свеж воздух.

И последно, но не и најмалку важно – алкохол треба да се избегнува, бидејќи ја намалува сексуалната желба. Во поголеми количини алкохолот доведува до депресија, ја намалува силата на нервните импулси, а исто така го оневозможува создавањето на машкиот полов хормон – андроген, објаснуваат лекарите.
Постојат пет рецепти за природно зголемување на сексуалната желба, а некои од нив се темелат на афродизијаци кои се прават од мешавина на билки и растенија.

РАСТИТЕЛНИ АФРОДИЗИЈАЦИ:

Чај за сексуална желба
Состојки: маточина, оригано, нане, линцура, рузмарин
Измешајте ги билките во еднакви размери, земете од таа мешавина една кафена лажичка чај, прелијте ја со лажичка зовриена вода, процедете ја по 15 минути и за почеток пијте по две шолји дневно. Некои од овие билки смируваат и релаксираат, а некои ја стимулираат циркулацијата.

Чај за потенција
Состојки: ангелика, имела, кантарион, лист од маслина, глуварче, жалфија, ѓумбир, ајдучка трева
Подгответе сѐ на ист начин како што е опишано во чајот за сексуална желба. Мешавината на овие билки ќе ја стимулира циркулацијата, придонесува за намалување масти во крвта и влијае на потенцијата.

Медена мешавина
Состојки: 0,5 килограм мед, 4 сечкани лимони и 2 чешниња лук
Измешајте лимон и лук со мед, оставете го да отстои десетина дена и промешајте го. Се зема 1 до 2 лажички дневно против атеросклероза и за подобар проток на крв, па така и за проток на крвта до гениталиите. Лукот може да го замените со 3 полни лажички рузмарин помешан со коприва. Овие препарати може да ги консумираат сите кои имаат проблеми со потенцијата.
Масло за заедничка сензуална масажа
Подготовка: Додадете 30 милилитри масло од јојоба, бадем или ванила, додадете 4 капки есенцијално масло од лимон, 4 капки етерично сандалово масло, 3 капки етерично масло ylang ylang и една капка роза ото.
Во релаксирана атмосфера, измасирајте ги со добиеното масло од овие мешавини мускулите на грбот, стомакот, но и нозете на партнерот.

Сензуално масло од жалфија
Подготовка: 4 капки етерично кедрово масло, 3 капки етерично масло од бергам, 2 капки етерично масло од жалфија, 2 капки етерично масло од неролија
Промешајте го сето тоа во 30 милилитри базно масло.

Еве кои билки ја зголемуваат сексуалната моќ:
Бабин заб (Tribulus Terrestris): Се користи за лекување и третман при сексуална дисфункција и за зајакнување на либидото. Препорачаните дози се движат околу 450 милиграми дневно и може да се земаат до два месеци. Како и следните билки, користете ги исклучиво во консултација со лекар.
Мака (lepidium meyenii): Познат како женшен од Андите, ја зајакнува силата, издржливоста, либидото и ја подобрува плодноста. Препорачаната доза е 1.500 до 3.000 мг. мака дневно поделени во три дози. Не треба да се зема повеќе од три месеци непрекинато.
Азиски гинсенг: Го зголемува протокот на крвта во пенисот, како и издржливоста. Препорачаната доза за еректилна дисфункција е 900 мг азиски женшен три пати на ден, но не повеќе од три месеци и под надзор на лекар.
Епимедиум: Го зголемува либидото и ја подобрува ерекцијата благодарение на активните супстанции флавоноиди, особено икарина и полисахариди. Препорачаните дневни дози се движат од 250 до 1.000 мг.
Роза ото: Розата воопшто, особено есенцијално масло од розата ото дејствува како афродизијак поради сензуалниот мирис. Коријандерот, кардамонот и жалфијата го креваат расположението. Со по неколку капки од овие масла може да се испрска постелнината, да се стават во арома ламба…
ГЛОСА Ослабената потенција може да биде резултат на хронични болести како што се дијабетес, каде што шеќерот ги оштетува крвните садови или зголемени нивоа на масти во крвта, создавајќи масни наслаги, стеснување на крвните садови, што го попречува снабдувањето со крв. На потенцијата може, исто така, да влијае и тироидната жлезда, болеста на која не се отпорни ниту мажите.

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....