2.8 C
Скопје
16:59 - 22 декември, 2024

Рак на јајчници: Симптоми кои можат да ви го спасат животот

Свесноста за симптомите, како што се зголемен обем на стомакот, надуеност, брза заситеност со храната, болки во карлицата и стомакот, пречки при уринирањето, може да бидат првите знаци поврзани со појава на разни болести, но и со ракот на јајчниците.

Истражувањето покажало дека девет од 10 жени пред дијагнозата имаат повеќе симптоми кои можат да укажуваат на рак на јајчниците, но истите не биле препознаени. Повеќе од 60 отсто од жените без оглед на симптомите не помислуваат дека станува збор за рак на јајчниците, а 70 отсто од случаите се откриваат дури во напредната фаза.

Како да го препознаете?

Дијагноза на рак на јајчници годишно добиваат околу 240.000 жени ширум светот, а секоја година овој карцином е одговорен за повеќе од 150.000 смртни случаи.

Повеќето жени одат на лекар во напредниот стадиум на болеста, бидејќи туморите на јајчниците, дури и кога ќе достигнат значителна големина, обично не предизвикуваат пречки или се сосема незначителни. Жените често не ги препознаваат симптомите на ракот на јајчници и ги заменуваат со симптоми на некои помалку опасни болести.

Некои од најчестите симптоми се:

– болка во долниот дел на стомакот
– грчеви во стомакот кои траат повеќе од две недели
– чувство на надуеност
– притисок во карлицата
– болки во долниот дел на грбот
– гадење или ждригавица (киселини во желудникот)
– запек или пролив, болни гасови
– повраќање
– неволно истекување на урината
– гинеколошки нарушувања, како што се неправилно вагинално крвавење или болка при сексуален однос (се појавуваат кај помалку од една четвртина од пациентките)

Општи симптоми:
– замор
– слабост, анемија
– губење на апетитот
– необјаснети промени во телесната тежина (намалување или зголемување)
– пречки во варењето и исхраната

Некои пациентки бараат медицинска помош кога ќе забележат зголемување на стомакот или кога самите на допир ќе ја почувствуваат туморската маса која веќе се проширила на стомакот. Заболената може да биде без симптоми сè додека не се открие туморот во текот на рутинскиот вагинален преглед.

Клучот е во раното откривање

Овој карцином е еден од најсмртоносните видови на рак кај жените, а најдобриот начин за намалување на смртноста е раното откривање.

Најчестиот вид на рак на јајчниците е епителниот карцином со пет подтипа кои меѓусебно се разликуваат според ризичните фактори, начинот на ширењето, видот на третманот и прогнозата, па затоа, поради нивната хетерогеност. може да се сметаат за различни болести
Најчесто се појавува серозен карцином од висок степен, кој воедно има и најлоша прогноза.

Дијагностицирање

Резултатите од лекувањето се најдобри во раните стадиуми на болеста, поради што уште еднаш ја потенцираме важноста на редовните (еднаш годишно) гинеколошки прегледи.
Лекарите сомневањето дека станува збор за рак можат да го постават со вагинален и ултразвучен преглед на јајчниците, а ако дојде до тоа, тие ќе ве упатат на понатамошни анализи и прегледи.

Лекување

Во лекувањето на ракот на јајчниците се користат хируршка терапија, хемотерапија и зрачна терапија. Обликот на лекувањето зависи од степенот на болеста, а може да се користи одделно или во комбинација.

Треба да се напомене дека ПАП-тестот не е метод за откривање на ракот на јајчниците и јајцеводите и дека треба да се обрне внимание на симптомите со цел да се постави дијагноза во раниот стадиум, кога можноста за преживување е значително подобрена.

Жените со симптоми кои можат да укажуваат на малигна болест на јајчниците и јајцеводите треба итно да се подложат на гинеколошки преглед, трансвагинален ултразвук и да се утврди маркерот на тумор CA 125, а потоа да се спроведе хируршки третман и онколошко лекување во големи болнички центри со достапен мултидисциплинарен тим. Веднаш по операцијата или биопсијата, важно е да се изврши тестирање на мутациите BRCA1 и BRCA2 гените, бидејќи тоа, на жените со дијагноза и со потврдена мутација, им овозможува да добијат таргетно лекување.

Светскиот ден на борбата против рак на јајчници се одбележува на 8 мај од 2013 година како светска иницијатива со цел да се крене свеста на жените за важноста на редовните прегледи.

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....