3.8 C
Скопје
10:22 - 22 декември, 2024

Проширени вени и летото: Што да направите за да не се влоши состојбата

Нозете стануваат тешки, уморни, отечени, се појавува вкочанетост, неодредени болки во потколениците и ноќни грчеви во мускулите. Проблемите постојат и кога проширените вени не се видливи, бидејќи во тој случај променети се длабоките вени на потколениците.

Проширените вени се често заболување, а првите симптоми се појавуваат веќе на возраст помеѓу 20-тата и 40-тата година од животот. Податоците покажуваат дека околу 40 отсто од луѓето од 30 години имаат проширени вени, а дека од отечени, болни и уморни нозе со проширени вени страдаат дури 57 отсто жени (што се должи на женските хормони) и 20 отсто мажи.

Женскиот хормон естроген доведува до опуштање на sидовите на вените и го забавува движењето на крвта во нив. Поради оваа причина, како и поради притисокот на плодот, вените на трудниците нагло се шират. Проширените вени се јавуваат како последица на наследна слабост на ѕидот на вените и послабо развиените или отсутните венски залистоци. Во текот на животот, со делувањето на други фактори, како што се долготрајнто стоење на работа, дебелината, воспалението на вените, бременоста и хормонската терапија, доаѓа до ширење на вените.

Вените на нозете се особено подложни на ширење, и тоа, особено вените на потколениците. Затоа претежно во нив се појавува чувство на тежина, замор, неопределена болка, мускулни грчеви во текот на ноќта и чешање на кожата. Проблемите се влошуваат во текот на стоењето, се намалуваат при одење, а исчезнуваат ноќе додека лежите, особено ако ногата е поткрената. Ако болките траат и ноќе, треба да се побара друга причина.

Ако вените се прошириле, никогаш нема да се повлечат сами од себе, туку со текот на времето состојбата ќе се влошува, особено ако се работи за наследни гени. Меѓутоа, со примена на превентивни мерки, процесот може значително да се забави и да се ублажат проблемите. Иако е релативно лесна болест, може да има прогресивен тек и да даде компликации во форма на оток, воспаление на вените, чиреви (дефект на кожата), дерматитис и крвавење. На многумина проширените вени повеќе им пречат од естетски причини. Тие стануваат издолжени, извртени и со јазли. Поради придружното воспаление, кај долготрајниот застој на венска крв, кожата станува изменета. На почетокот е сува, потоа станува задебелена, збрчкана, покриено со мали лушпи, кои лесно се лупат. На местото на дерматитисот, кожата ја менува бојата, станува светлоцрвена или темно пигментирана.

За да ги ублажите проблемите во лето, треба да избегнувате сончање на нозете, топли бањи и депилација со топол восок. Особено во летните месеци, треба да јадете многу овошје и зеленчук, кои ги зајакнуваат sидовите на вените. Многу се корисни секојдневните прошетки во траење од половина час и качувањето по скали. Од спортските активности, особено се препорачуваат пливањето, лесната гимнастика и возењето велосипед. Не се препорачуваат спортови каде што доаѓа до нагли скокови и удари со нога (тенис, одбојка, фудбал и трчање). Ако сте на море или езеро, на вените им годи одење во плитка вода во раните утрински часови, бидејќи брановите нежно ги масираат нозете, ја забрзуваат циркулацијата и ги ладат вените. Кога седите, не треба да ги прекрстувате нозете, бидејќи на тој начин се прекинува циркулацијата на крвта во површните вени, а се шират внатрешните. Треба да се избегнува долготрајно стоење. Ако тоа не е можно, додека стоите, повеќепати поткренете се на прсти. Нозете се одмораат во кревет малку поткренати (доволно е 15 степени). Исфрлете ги чорапите, кои со својот раб стегаат и ја прекинуваат циркулацијата. Многу поволно делуваат кремите и геловите на база на костен. Ги ублажуваат грчевите, чувството на тежина и чешањето. Најповолна обувка е со потпетица висока 4 – 5 см. Не треба да користите базени со термална вода.

Пијте доволно течности. Ако вашето тело е правилно хидрирано, ќе го намалите чувството на непријатност во нозете, предизвикана од проширените вени. Дехидратацијата доведува до отекување на нозете и грчеви во мускулите.

Разговарајте со специјалист за вени за носење компресивни чорапи за да ја подобрите циркулацијата во нозете.

За да не се влоши ситуацијата

Дoколку не се лекува, болеста на проширените вени може да се искомплицира, а
најчести компликаци се:
– хиперпигментација на кожата;
– оток околу глуждовите;
– воспаление на вените;
– руптура на вените, односно прскање на венскиот ѕид и крвавење;
– улцерација (создавање рани).
Чаеви и сокови кои можат благотворно да дејствуваат на воспалението на вените:
– хељда
– гавез
– див костен
– сок од јачмен
– сок од зеленчук
– боровинки
– црвена винова лоза
– гинко билоба
Состојките од овие растенија и плодови ги јакнат ѕидовите на крвните садови и
капиларите.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....