2.8 C
Скопје
17:14 - 22 декември, 2024

Постојат пет видови на депресија и секоја има различни симптоми

Експертите велат дека постојат различни видови на депресија и дека на пациентите им се потребни прилагодени планови за третман.

Секој од петте типа на депресија ќе реагира различно на третманот, што укажува на тоа дека единствениот пристап кон менталното здравје може да биде контрапродуктивен.

Експертите од Универзитетот во Шефилд анализирале податоци од 8.000 пациенти кои биле на когнитивно-бихевиорална терапија (КБТ).

Нивните откритија, објавени во списанието „Depression & Anxiety“, покажуваат дека постојат пет типа на депресија.

Тоа се лесна депресија, тешка, когнитивно-афективна, соматска и типична. Понатамошната анализа откри дека луѓето со различни видови на депресија различно реагираат на третманот.

Луѓето со когнитивно-афективен тип на депресија, најверојатно, ќе се појават на договорениот датум на лекување и напредуваат во споредба со луѓето кои страдаат од соматски тип.

Луѓето кои страдаат од типична депресија, исто така, имаат поголема веројатност да се откажат од третманот отколку оние со когнитивно – афективни и соматски типови.

„Со оглед на тоа колку депресијата може да варира од личност до личност, а третманот што работи за едниот може да не работи за другиот“, објасни водечката авторка д-р Мелани Симондс – Бакли, која ја водеше студијата.

„Нашите откритија покажаа дека не сите пациенти реагираат на третманот ЦБТ на ист начин“, објаснила докторката, додавајќи:

„Целта е да се разбере кои други достапни третмани се најдобри за пациенти со секој вид на депресија за да се обезбеди најсоодветен третман“, вели д-р Мелани

Приближно 264 милиони луѓе страдаат од депресија ширум светот, а само половина целосно се опоравуваат по третманот.

Депресијата е комбинација на лошо расположение, негативни мисли, а во некои случаеви и екстремни – самоубиствени мисли. Исто така, се карактеризира со губење на задоволство и мотивација во секојдневните животни активности како и промени во спиењето и апетитот, иако не сите пациенти ќе ги имаат сите овие симптоми, пишува „The Sun“.

И покрај тоа, сите овие луѓе се етикетирани како луѓе со депресија, што значи дека некои пациенти нема да добијат соодветна терапија и третман за нивните потреби.

Д-р Ана Катарино, автор на повеќе научни трудови за депресија, додаде дека „од исклучително значење е да се реплицираат овие оригинални наоди со когнитивно – бихевиорална терапија што неодамна беше спроведена на Интернет со пациенти кои добиле когнитивно – бихевиорална терапија од нивниот лекар“.

„Се надеваме дека алгоритмот за подтипирање што го развивме може да се примени пошироко и на крајот да доведе до подобри резултати за пациентите со попрецизен пристап кон дијагностицирање и избор на третман“, рече д-р Катарина.

„Следниот чекор кон целта ќе биде клиничко испитување со цел да се откријат специфичните видови на третман кои се најсоодветни за секој подтип“, најави д-р Катарина.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....