02:20 - 3 април, 2026

ПОДМОЛЕН ТРИК СО КОЈ ОМИКРОН СЕ ШИРИ: Како прикриен воин, новиот коронавирус останува скриен во клеточните ѕидови и еве како се шири

Американските научници пронајдоа клучен чекор кој објаснува зошто ширењето на новиот коронавирус е толку ефикасно и зошто се спротивставува на човечкиот имунитет.

Како точно КОВИД-19 го избегнува човечкиот имунитет е прашање што научниците го бараа скоро две години, но сега најдоа многу важна трага.

Излегува дека новиот коронавирус има некои скриени движења кои му овозможуваат да се шири од клетка до клетка, а на тој начин се крие од имунолошкиот систем, покажа новото истражување.

Тоа е во основа подземна форма на преносливост, вели авторот на студијата Шан-Лу Лиу од Центарот за истражување на ретровируси на Универзитетот во Охајо во Колумбус. Тој додава дека меѓуклеточниот пренос не е чувствителен на развиените антитела добиени, ниту со претходна инфекција, ниту со вакцинација.

Една нова студија го споредува КОВИД-19 со коронавирусот што ја предизвика епидемијата на САРС во 2003 година и фрла светлина на тоа како вирусите се шират и се спротивставуваат на имунитетот на поединецот.

Студијата, исто така, помага да се објасни зошто епидемијата на САРС имаше многу повисока стапка на смртност и траеше само осум месеци, додека сегашната пандемија трае веќе две години и во која многумина се заразени практично без никакви симптоми.

Експериментите на клеточни култури покажаа дека КОВИД-19 го ограничува ослободувањето на честички кои можат да се деактивираат од антителата на човечкиот имунолошки систем. Како прикриен воин, новиот коронавирус останува скриен во клеточните ѕидови и се шири директно од клетка до клетка.

Целиот напис може да го прочитате – ТУКА.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....