12:12 - 6 февруари, 2026

Oсвежителни плодови што мора да ги имате на трпезата ова лето

Плодовите што помагаат во хидратацијата на телото, ќе ви бидат вистински благодат во текот на претстојните топли летни денови, бидејќи, пред сѐ, во својот состав содржат поголеми количества вода и служат како дополнителен извор на течности, кои се многу потребни во овој период од годината.

Од друга страна, пак, како што постои храна што задолжително треба да се јаде во лето, исто така постои и храна што мора да ја избегнувате. Меѓу нив се мрсната и солената храна, како и газираните напитоци и оние што содржат поголеми количества кофеин.

1. Краставици
Краставиците јадете ги како дел од вашите омилени салати, но можете да ги грицкате и незачинети. Многу ќе ви помогне да се разладите, бидејќи таа во својот состав содржи големо количество вода.
Краставицата поради ниската калориска вредност има широка примена во подготовката на храна. Можете да ја јадете заедно со тиквички, домати или со модар патлиџан. Зачинувајте ја секогаш со сок од лимон или од лимета и на тој начин на оброкот ќе му дадете дополнителна свежина.

2. Лубеница
Лубеницата е здрав десерт што го обожаваат многумина и многу често се јаде веднаш по лесниот летен ручек. Овој плод чувајте го во фрижидер, а доколку со него сакате дополнително да се разладите, во тој случај можете да го комбинирате со ананас, праска или со кое било друго тропско овошје.

3. Грејпфрут
Грејпфрутот е тропско овошје, кое освен по својот горчливо кисел вкус, е познат и по високата концентрација на биоактивни материи што поволно влијаат врз целиот организам.
За разладување најдобро е да се пие сок од свеж грејпфрут, кој ќе помогне во регулирањето на потењето, а исто така ќе помогне и во регулирањето на телесната тежина.

4. Хељда
Во текот на жешките летни месеци салатата од хељда би бил идеален оброк за сите генерации. Оваа храна е многу здрава, вкусна и нутритивно богата.
Хељдата можете да ја комбинирате со свеж домат, краставица и тиквичка.

Слични објави

„Бледа сум, имам чувство на тежина во главата“: Данијела Димитровска ги загрижи сите со нова објава

Е.А.

Заработила 800.000 евра! Пејачката со македонско потекло направи хит што стана вирален на социјалните мрежи ширум светот

Еспресо

Јелена Карлеуша бесна на Теодора Џехверовиќ: „Девојко, ти можеш да постоиш само три месеци на сцената!“

Еспресо

„Со него сум 19 години, имаме две деца“: Скандалозна исповед на жена која тврди дека е во брак со партнерот на Милица Тодоровиќ

Еспресо

Хороскоп за 6 февруари: Вагите ја враќаат рамнотежата, Лавовите добиваат заслужено признание

Еспресо

Марија Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо
Се вчитува....