12:37 - 5 декември, 2025

Неочекувани, но можни нуспојави по земањето магнезиум

Дури и ако со храната внесете доволни количини од овој минерал на ден, што е околу 300 мг за жени, а околу 400 мг за мажи, вашиот организам од тоа ќе апсорбира – само една третина! Опасно е ако го имате премалку или премногу во организмот, затоа важно е да пронајдете совршен баланс.
Често имате грчеви во мускулите и постојано сте изморени? Сонот ви е испрекинат, склони сте кон главоболки и раздразливост? Имате аритмија и слабо варење?

Ако сте се препознале во овие симптоми, голема е веројатноста дека страдате од хипомагнеземија, односно недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е еден од четирите најзастапени минерали во нашиот организам, кој е потребен за повеќе од 300 телесни функции. Најчесто го има во нашите коски и заби, а нешто помалку во мускулите и меките ткива.

На нашите клетки им е повеќе од неопходен за нормално функционирање: тие го користат за производство на енергија и стабилизирање на своите мембрани. Без магнезиум, нашиот живот е незамислив, а ова се само некои од неговите фантастични функции: правилно функционирање на нервниот систем, опуштање на мускулите (помалку се грчат), здрави мозочни функции, цврсти коски и заби, правилен ритам на срцето, чистење на организмот од токсини, заштита од таложење на тешки метали во мозокот, квалитетен сон и добро расположение, полесно справување со стресот, ублажување на главоболките, спречување на настинките, намалување на штетноста на пушењето.
Сепак, неопходно е да се укаже и на неочекуваните реакции на организмот по земањето магнезиум.

Гадење, грчеви во стомакот и проблеми со варењето на храната

Како електролит, магнезиумот во интеракција со натриумот се таложи во организмот, што може да предизвика негативни последици врз работата на цревата, па тие ќе бидат забавени, а може да се појават и гадење и грчеви во стомакот, објаснуваат нутриционистите. Но, магнезиумот може и да го поттикне варењето. Јасно е дека сумплементите можат да донесат и одредени придобивки. Ако страдате од запек, магнезиумот може да ја подобри работата на цревата, а и да придонесе за задржување на течностите во цревата што во голема мера ќе го олесни варењето на храната.

Може да дојде до токсичност од магнезиум

Според нутриционистите, резултатот во овој случај е дека може да се појави висок крвен притисок, повраќање, задржување на урината и слабост во мускулите. Сепак, ова е многу ретка нуспојава која се случува кога станува збор за екстремен внес на магнезиум или за веќе постоечки проблеми со бубрезите.

Може да предизвика проблеми во интеракцијата со другите лекови

Ако земате лекови, како што се антибиотици, би требало да престанете да земате суплементи, бидејќи тие можат да влијаат на дејството на антибиотиците. Важно е, поради оваа причина, да разговарате со лекар.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....