8.8 C
Скопје
11:56 - 18 декември, 2024

Многу е важно да ги препознаете што е можно побрзо: Ова се првите симптоми на дијабетес

Симптомите на дијабетес се многу често маскирани. Најчес тип е дијабетес тип 2, кој може да биде предизвикан од прекумерна телесна тежина, физичка неактивност, висок крвен притисок.

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно побрзо, а ова се првите симптоми:

Постојано чувство на замор. За разлика од здравите луѓе, кај кои шеќерот продира во клетките и се претвора во енергија, кај дијабетичарите тој се задржува во крвта. Последица е недостаток на енергија и покрај консумирањето храна. Еден од типичните симптоми на недијагностициран дијабетес е токму екстремниот замор, кој се јавува дури и кога сте одморени и наспиени.

Изразено чувство на жед и често мокрење. Ако имате зголемено чувство на жед за кое немате објаснување, а кое резултира со често одење во тоалет, тоа може да биде знак дека имате дијабетес. Обрнете посебно внимание ако сте многу жедни и често ви се оди во тоалет, бидејќи тоа е еден од првите и најочигледните знаци дека можеби имате дијабетес. Овој симптом може да биде придружен и со чувство на сува уста.

Нагло слабеење. Ако не држите диета и не водите сметка за исхраната, а не сте физички поактивни од порано, но забележувате дека нагло слабеете, тоа може да биде еден од симптомите на дијабетес. Премногу високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика ненадејно слабеење, дури 5 до 10 кг за два до три месеци, што секако не е вообичаено, освен ако не постои посебна причина за тоа.

Зголемена глад. Претераната потреба за храна е уште еден знак за дијабетес, а предизвикана е од промените на нивоата на шеќерот. Кога паѓа нивото на шеќерот, се појавува чувство на глад и потреба за гликоза како извор на енергија.

Заматен вид. Симптомите понекогаш може да вклучуваат и проблеми со видот, бидејќи високото ниво на шеќер во крвта извлекува течност од ткивата, вклучително и од очите. Ако не се лекува, дијабетесот може да предизвика трајно оштетување на видот, а ако забележите дека видот е заматен, посетете лекар.

Чувствителни непца. Дијабетесот ја намалува можноста за борбата против бактериите, што го зголемува ризикот од инфекција на непцата. Исто така, може да се појави гингивит придружен со гној, особено ако веќе сте имале инфекции на непцата пред да се појавил дијабетесот.

Пецкање во нозете и рацете. Дијабетесот е една од најчестите причини за периферна невропатија. Пецкањето се јавува најпрво во двете стапала, а потоа непријатното чувство се шири низ целите нозе, а истото чувство е и во рацете. Дури две третини од луѓето кои страдаат од дијабетес имаат оштетување на нервите, а во многу случаи ова е првиот симптом на болеста.

Бавно заздравување на раните. Чешање, сува кожа или слаба циркулација исто така може да бидат знаци на дијабетес. Потемната кожа во пределот на вратот или пазувите може да биде знак на отпорност на организмот на инсулинот и високо ниво на шеќер во крвта. Ако забележите такви промени, задолжително одете на лекар. Ако имате чести инфекции и повреди кои тешко зараснуваат и не се лекуваат лесно како порано, веднаш посетете лекар.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо

Интервју со д-р Билал Кара, сопственик на групацијата „Санте Плус“: Ја носиме новата генерација во медицински услуги

Еспресо
Се вчитува....