7.8 C
Скопје
10:02 - 1 април, 2026

Куркума: откријте ги рецептите кои лекуваат алергии и воспаленија!

Куркумата се користи за ублажување на разни заболувања, вклучително и на алергиите. Најважните карактеристики на куркумата се: куркумин, соединение што го стимулира работењето на респираторниот систем, има моќни антивоспалителни и антибактериски ефекти, антихистаминско дејство, поради што се намалува ослободувањето на хистамин во организмот, го зајакнува имунитетот и ги контролира реакциите на имунолошкиот систем на алергените, ги ублажува симптомите на респираторните болести, особено симптомите на астма, ги ублажува сезонските и акутните алергии.

Ви донесуваме неколку рецепти кои ќе ви овозможат полесно да ја вклучите куркумата во вашата дневна исхрана и да го подобрите здравјето на едноставен начин.

Чајот од куркума, лимон и мед е одличен за ублажување на сезонските алергии, за подобрување на респираторната функција и за ублажување на симптомите на воспалени синуси.

Млекото од куркума многу често се користи за ублажување на симптомите на алергија, особено за иритација во грлото. Потребни состојки: 1/2 лажиче куркума,1 чаша топло млеко, прстофат бибер, 1 лажичка мед. Измешајте ги состојките и млекото пијте го наутро или навечер. Ако сте алергични на млечни производи, за да подготвите млеко од куркума, користете заменско млеко (од соја, бадем, ориз).

Пијалакот од куркума и маслиново масло ќе ги ублажи симптомите на сезонските алергии, а ќе помогне и во ублажувањето на симптомите на респираторните болести, како што е астмата. Потребни ви се 2 лажички куркума, 1/2 лажиче маслиново масло, прстофат бибер, 1 шолја топла вода. Измешајте ги состојките и веднаш испијте го пијалакот.

Сокот од куркума и мед пијте го по потреба, односно кога ќе почувствувате влошување на алергиските реакции. 1 лажичка куркума, 2 лажички мед, 1 чаша вода добро измешајте и испијте.

Мерки на претпазливост

Ако планирате да користите куркума заради ублажување на алергиите, прво мора да се консултирате со вашиот лекар, поради евентуалните несакани ефекти, и да продолжите да ја земате пропишаната терапија.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....