7.8 C
Скопје
13:19 - 22 декември, 2024

КАКВА ВЕЧЕРА, ТАКОВ СОН! Што треба, а што не треба да јадете пред спиење

Доцната вечера, освен што ги таложи килограмите, може да ви го уништи и сонот. Еве која храна магазинот „Менс хелт“ ја класифицираше во онаа што никако не треба да ја јадете пред спиење.

Зеленчукот со висок процент на прехранбени влакна како зелка, кељ, целер и мешунки имаат одличен ефект врз дигестивниот систем, па затоа се препорачува во текот на денот. Сепак, избегнувајте го овој зеленчук пред спиење. Добриот ноќен сон ќе ви го наруши и некои кисело овошје како портокали и малини.
Внесот на витамини пред спиење ќе ја отежни правилната работа на дигестивниот систем, но и ќе ви даде енергија што не сакате да ја почувствувате пред спиење.

Конзервираното месо, шунка, виршли, колбаси и сланина спаѓаат во производи што го нарушуваат сонот. Содржат високо ниво на аминокиселини, кои даваат стимуланс на мозокот, а со тоа нѐ одржуваат будни и нѐ прават нервозни. Храната со висок процент на протеини, како што е црвеното месо, бара долг процес на варење. Особено е непријатно за организмот ако се јаде без јаглехидрати, така што овој вид храна треба да се избегнува пред спиење.

Иако се смета за поздрава од обичната, темната чоколада со висок процент какао содржи и поголеми количини кофеин, што ќе ве разбуди и ќе го поттикне работењето на метаболизмот. Чоколадата исто така содржи тирозин, кој врши стимулирање на аминокиселината.

Можеби вкусната пица или помфритот ќе ви помогнат да заспиете полесно, но таквата храна воедно и ќе ви го наруши мирниот сон. Мрсната храна обезбедува подолг сон, но проследен со немир и чести будења.
Сонот ги забавува повеќето телесни функции, вклучително и работењето на системот за варење. Ако јадете зачинета храна пред спиење, ќе го испровоцирате дигестивниот систем да работи посилно. Покрај тоа, силните зачини ќе ја зголемат температурата на телото и со тоа дополнително ќе го збунат организмот. Зачинетата храна и кечапот можат да предизвикаат зголемена секреција на желудочната киселина, металоиди и други симптоми што можат да го комплицираат и да го нарушат спиењето.
Алкохолот, кофеинот и енергетските пијалаци се, исто така, на црната листа кога е во прашање добриот и мирен сон.

Храна што се препорачува пред спиење е:
Бананите содржат калиум и магнезиум, кои се природни ресурси и за мускулната релаксација, а бананите се богат извор на двата елементи. Тостот и шпагетите се храна богата со јаглехидрати, која го подобрува лачењето на инсулин, кој предизвикува сонливост. Овесната каша и житните култури се богат извор на мелатонин, кој многу луѓе го користат како средство за спиење. Топло млеко богато со калциум помага за заспивање.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....