15:01 - 19 април, 2024

Како се пие парацетамолот и зошто треба да бидете претпазливи со него?

Парацетамол е генеричко име за еден од најкористените лекови за температура и болка. Можете да го најдете како поединечен лек под различни фабрички имиња (фебрицет, панадол, парацетамол…), но, сѐ почесто се појавуваат и комбинациите на парацетамол со ибупрофен и со другите лекови, пишува „Савети лекара“.

Како настанал парацетамолот?
Парацетамолот првпат е синтетизиран во 1877 година, но во широка употреба влегол околу 1950 година, кога е потврдена неговата безбедност. Оттогаш, стана еден од најчесто користените лекови за намалување на висока температура и на болките. Се наоѓа дури и на листата на основни медицински лекови на Светската здравствена организација.

За што служи парацетамолот?
Парацетамол е лек за намалување на симптомите на болка и за намалување на температурата. Ако го споредиме со другите лекови од оваа бранша, тој претставува послаба варијанта. Може да ја смири болката со низок и среден интензитет и малку да ја намали температурата. Послаб е од ибупрофенот, но има предност во однос на него бидејќи може да се користи повеќепати во текот на денот. Неговото дејство започнува околу 60 минути по земањето и трае околу четири часа.

Како се користи парацетамолот?
Лекарите советуваат овој лек внимателно да се зема и да се сфати сериозно. Дозата од 500 милиграми, колку што обично има една таблета, може да се зема четири пати на ден, односно на секои шест часа.
Ако имате посилни болка, може да се зема и на четири часа по 500 мг или 1000 мг на 4 часа. Важно е да се напомене дека максималната дневна доза е 4.000 милиграми, односно осум таблети на ден. Никогаш и никако не смее да се надминe оваа доза.
Ако земате други лекови за настинка, задолжително треба да го погледнете упатството на тој лек и да видите дали случајно и тој содржи парацетамол во себе.
Токсичните реакции на парацетамол се ретки, но опасни по живот.

Прашањето е, колку парацетамол можете да земате на своја рака?
Во теорија, максималната дневна доза е осум таблети дневно до три дена, но во реалноста таа доза е мошне помала. Бесцелно е да пиете максимални дози парацетамол три дена.
Проблемите што траат толку долго и не се „покриени“ со лекови бараат преглед и детална анализа.
Пореално е да почнете со една таблета парацетамол на 4-6 часа. Ако проблемите не се смират или се влошат по една до две таблети, обратете се кај лекар.

Кои се несаканите ефекти од парацетамолот?
Парацетамол ретко кога има несакан ефект и најчесто тоа се алергиски реакции и стомачни проблеми. Но, ако се надмине дозата од осум таблети дневно, несаканите ефекти може да бидат опасни по живот. Причината за ова е процесот на разградување на парацетамолот што поминува низ црниот дроб.
Големите количини на овој лек може да доведат до акутно оштетување на црниот дроб, што може да се рефлектира во појава на жолтица, гадење, повраќање, болки во стомакот и малаксаност, како и зголемување на вредностите на ензимите на црниот дроб AST, ALT и маркери на оштетување GGT.
Ако оваа состојба не се реши, може да настане откажување на црниот дроб, односно состојба опасна по живот. Од таа причина, здравиот црн дроб е нешто на што треба да обрнат внимание сите оние кои го пијат овој лек.
Луѓето кои имаат оштетување на црниот дроб, на пример, оние кои консумираат алкохол, треба да земаат помали дози парацетамол или да го избегнуваат.
Во некои студии, забележано е дека земањето парацетамол го зголемува притисокот за 4 мл на живиниот столб, што се чини мал, но сепак значаен број.
Исто така, забележани се случаи кога парацетамолот предизвикал крвавење во желудникот.
Сето ова ја доведува во прашање можноста за употребата на парацетамолот во хроничната терапија и нагласува дека ако проблемите не се смират по три дена од земањето парацетамол, неопходно е да се посети лекар.

Парацетамол во бременост и доење?
Парацетамолот се смета за еден од ретките лекови што е дозволен како во бременоста и така и во доењето. Тој сепак ја преминува плацентата, што со себе го повлекува прашањето како го разградува метаболизмот на бебето, но засега, истражувањата на оваа тема се оскудни. Се разбира, се советува претпазливост, и земање на овој лек само кога е неопходно и не на подолг временски период.
На крајот, заклучокот би бил дека парацетамолот, како и сите други лекови, има свои добри и лоши страни. Од таа причина, бидете внимателни кога го користите овој лек и јавете се кај лекар ако тегобите не поминуваат.

Слични објави

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....