23:41 - 8 април, 2026

ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ: Еве зошто е важно да ги воведете во исхраната

житарки

Со воведување на поголеми количини на интегрални житарки во исхраната, може да се спречи појава на хипертензија кај луѓето, се вели во едно од истражувањата на експертите од одделот за јавно здравје на Харвард.

Појавата на хипертензија попозната меѓу луѓето како висок крвен притисок или артериска хипертензија е хорнична здравствена состојба која се одликува со покачен крвен притисок во артериите.

Процесот на обработка е различен кај обичните или неинтегрални житарки и интегралните. Односно, кај голем дел од житарките се отстранува надворешната лушпа на зрното, додека кај интегралните се задржуваат надворешните слоеви на зрното и микробите, што ги прави побогати со многу хранливи материи.

unsplash

Бостонските научници спровеле истражување на 51.529 медицински работници кои во 1986 година, кога започнало истражувањето, биле на возраст од 40 до 75 години. За време на осумнаесетгодишна анализа, 9.227 испитаници развиле хипертензија.

unsplash

Експертите од Бостон откриле дека една петтина од испитаниците кои пријавиле најголема дневна консумација на интегрални житарки, околу 52 грама, имале 19% помал ризик од развој на висок крвен притисок, отколку другата една петтина од испитаниците кои јаделе помалку интегрални зрна, околу 3 грама на ден.

Врската помеѓу поголемата консумација на интегрални житарки и намалениот ризик од хипертензија била успешна и кога биле консумирани во комбинација со овошје и зеленчук, со регуларна употреба на витамини и физичка активност.unsplash

Поволното дејство на интегралните житарки врз одржувањето на нормалниот крвен притисок е последица на фактот дека луѓето кои почесто консумираат интегрални житарки секако имаат поголеми здравствени придобивки, а воедно може да бидат помалку склони на проблеми со покачување на телесната тежина со текот на годините.

Слични објави

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо
Се вчитува....