9.8 C
Скопје
06:22 - 19 март, 2024

Горештините и срцето: На што мора да внимаваат сите кои имаат висок притисок

Ако температурата на телото е слична на температурата на воздухот, таа се лади со испарување, што може да го промени ритамот на срцето и да предизвика дехидрираност и грчеви

Атеросклеротските промени во крвните садови, кои стануваат сѐ поизразени како што старееме, ја намалуваат способноста на телото да се прилагоди на високите температури и наглите промени. Во последните лета, сведочиме на ненадејни пробиви на постудени и потопли фронта во текот на летните месеци, што е особено тешко за срцевите болни. Ним им се советува да бидат повеќе претпазливи во текот на летните месеци и топлотните удари. Ако температурата на телото е слична на температурата на воздухот, таа се лади со испарување, што може да го промени ритамот на срцето и да предизвика дехидрираност и грчеви.

Локални тромбози

Исто така, се менува и згрутчувањето на крвта, па поради почестата дехидрираност доаѓа до локални тромбози, а нозете отекуваат бидејќи течноста заостанува во долните делови на телото. Кај наглите промени во температурата, може да дојде до срцев удар затоа што кога е многу топло, крвните садови се шират, со што се намалува крвниот притисок и се забрзува срцето. Промените во крвниот притисок и пулсот честопати можат да доведат до слабост и губење на свеста. Затоа, на срцевите болни им се препорачува во текот на горештините и летните месеци да излегуваат надвор само наутро и навечер, а во текот на денот да бидат во климатизирани простории на температура од 22 до 24 Целзиусови степени. Разликата помеѓу температурата во домот и надвор не треба да биде поголема од седум степени, затоа, така треба да биде наместен клима-уредот. Треба да пиете доволно течности, да јадете умерено и да внесувате сезонско овошје и зеленчук.

Посета на кардиолог

Пропишаната терапија треба да се зема редовно и пред да настапат горештините, а на почетокот на летото е добро да се посети кардиолог за евентуално промена на терапијата. Пациентите кои вообичаено земаат лекови за уринирање, треба дополнително да пијат течности и да ги надоместат електролитите кога покрај тоа и обилно се потат, бидејќи постоечката болест може да се влоши. Може да дојде до намалување на циркулирачкиот волумен и поголема густина на крвта, што ја потенцира појавата на тромбоза и срцев удар. Посебна претпазливост е потребна при земањето диуретици, кои го поттикнувааат излачувањето на водата од организмот. Овие лекови, спротивно на врежаното верување, не ја исфрлаат водата, туку солта (NaCl), а бидејќи во лето потребата за диуретици обично се намалува, поголемата потреба за нив може да укаже на влошување на болеста. Затоа, секоја промена, нејаснотија или влошување мора да се пријави кај лекар кој по потреба ќе ја смени или прилагоди терапијата.

Почесто мерете го притисокот

Луѓето со висок крвен притисок (хипертензија) треба многу да внимаваат на притисокот во топлите летни денови. Крвниот притисок треба почесто да се мери и ако се забележи дека вредностите на притисокот се намалуваат во летните месеци – под 100/60 мм/Хг – треба да се посети лекар и да се консултира за промена на терапијата. Можеби треба да се намали дозата на лекот за да се спречи појавата на премногу низок крвен притисок и губење на свеста. Консумирањето повеќе течности ќе помогне во подоброто регулирање на притисокот. Лекарот ќе се погрижи и за дозата на лекот да не е преголема за оние кои започнуваат лекување на високиот крвен притисок во текот на летните месеци, бидејќи високите температури можат нагло да го намалат. Избегнувајте престој на отворено за време на големите горештини и редовно водете дневник за притисокот. И оние кои имаат проблеми со бубрезите треба да ги избегнуваат горештините бидејќи зголемената температура е оптоварување за бубрезите. Оние кои имаат акутна инфекција или преболеле акутна болест или операција, исто така треба да избегнуваат изложеност на топлина.

Слични објави

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо
Се вчитува....