3.8 C
Скопје
22:51 - 20 декември, 2024

Експертите открија зошто ја примаме вакцината во мускулот на надлактицата

Многу луѓе се прашуваа зошто се прима токму во тој дел од телото и зошто понекогаш боли, а одговорот го даде Либи Ричардс, професорка на Универзитетот „Пурдју“.

Некои вакцини се даваат орално, некои во поткожното ткиво, но повеќето се даваат во мускулот на надлактицата, а тоа се нарекува интрамускулна инјекција. Една од таквите е и вакцината против ковид-19.

Многу луѓе се прашуваа зошто се прима токму во тој дел од телото и зошто понекогаш боли, а одговорот го даде Либи Ричардс, професорка на Универзитетот „Пурдју“.

Мускулите се одлично место за примање на вакцината, затоа што нивното ткиво содржи имуни клетки кои се исклучително важни бидејќи го препознаваат антигенот или упатствата за производство на антигените – кои се инјектираат со вакцината против ковид-19. Имуните клетки во мускулното ткиво ги собираат и ги презентираат на лимфните јазли.
Уште една причина е тоа што мускулното ткиво ја одржува вакцината локализирана и им овозможува на имуните клетки да ги предупредат другите за вирусот. Така имуните клетки со антиген, откако ќе се создадат, стигнуваат до лимфните јазли, а тие се клучна компонента на нашиот имунолошки систем, бидејќи започнуваат процес на создавање антитела. Групите на лимфни јазли се наоѓаат во подрачјата близу до местото на примената вакцина.
Болката на местото на убодот од вакцинaта се појавува од истата причина – затоа што мускулното ткиво ја задржува реакцијата локализирана, односно на едно место. Исто така, ако одредени видови вакцини се вбризгуваат во масното ткиво, се зголемуваат шансите за иритација или за воспалителни реакции, бидејќи масното ткиво е помалку снабдено со крв, што резултира и со послаба апсорпција на некои состојки на вакцината. Вакцините за кои се потребни помошни средства или состојки кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор на антигенот, мора да се инјектираат во мускулот за да се избегне поголема иритација и воспаление.
Немојте да се изненадите ако вашето дете, на возраст од три години, прими вакцина во бутниот мускул. Имено, нивните мускули на рацете се сè уште премали и послабо развиени, а големината на мускулите е уште еден одлучувачки фактор кога е во прашање местото на вбризгувањето на вакцината.

Последната причина за примањето вакцина во раката е практичноста. Проф. Ричардс вели дека навистина не би било практично сите луѓе да мора да ги соблекуваат панталоните во просториите каде што, особено сега, се одвиваат масовните вакцинации. Мускулот на надлактицата е полесно достапен за медицинските работници и целиот процес трае пократко отколку кога би се вбризгувала во бутниот мускул.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....