15:20 - 2 април, 2026

ДАЛИ ОВА ВЕ ПОЛУДУВА?: Ако ви пречи туѓото мљацкање или кликање со пенкало, имате психичко пореметување

Ако ве полудува кога ќе слушнете некој во ваша близина како гласно џвака, имате еден вид ментално растројство наречено мизофонија или омраза кон звуците.

Мизофонијата  е нарушување што ги мачи луѓето кои страдаат од неа, им пречи гласно џвакање, дишење или, на пример, постојано кликнување со пенкало, а за прв пат била наречена „состојба“ во 2001 година.

Истражувачите од Универзитетот во Њукасл за време на истражувањето откриле дека кај луѓето кои страдаат од мизофонија, одредени делови од мозокот се активираат кога ќе го слушнат „звукот на активирањето“.

Истото истражување покажало дека луѓето кои патат од ова нарушување имаат абнормалности во механизмите на емоционалната контрола.

Кога ќе слушнат „звуци на активирање“, луѓето кои патат од мизофонија имаат симптоми како забрзано чукање на срцето и зголемено потење.

За време на студијата, научниците ги подложиле на низа звуци испитаниците, од кои некои биле неутрални, некои непријатни, а некои биле „активирачки звуци“, како што е шкрипењето, и го снимале дејството на нивниот мозок.

Оние кои страдале од мизофонија покажале поинакви резултати на магнетната резонанца од оние кои не страдале од оваа состојба.

 

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....