25.2 C
Скопје
08:33 - 22 јуни, 2026

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВААТ: Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но, ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не ѝ се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ѝ се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ти не нè убиеш“. После многу мачења беа фрлени во затвор, во којшто трпеа глад, темнина и тегобност од 1 август до 10 ноември. Тогаш повторно ги изведоа и ги мачеа, па бидејќи останаа непоколебливи во Христовата вера, беа осудени на смрт и убиени со меч во 322 година, за време на свирепиот цар Ликиниј. Подоцна и едескиот ѓакон Авив прими маки за својот Господ Исус Христос и го предаде духот свој во оган. Мајка му го извади целото негово тело од огнот и го погреба во гроб заедно со светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа храм во чест на тројцата маченици Гуриј, Самон и Авив и ги положија нивните чудотворни мошти во еден ковчег. Од безбројните чуда над моштите на овие прекрасни маченици се издвојува едно: една вдовица во Едеса имаше ќерка со која се ожени еден Гот, војник на грчката војска. Бидејќи мајката се плашеше да ја даде девојката во далечна земја, тој Гот се заколна на гробот на тројцата маченици дека никакво зло нема да ѝ направи на нејзината ќерка, но дека ќе ја земе за своја законска жена, бидејќи, рече, е неженет. Всушност тој беше женет. Кога ја одведе девојката во неговата татковина ја држеше како робинка додека не умре неговата законска жена. Тогаш тој, во договор со останатите свои роднини, со мртвата жена ја закопа и својата жива робинка. Робинката им се молеше со плач на светите маченици да ја спасат. И тие ѝ се јавија во гробот, ја зедоа и во еден миг ја пренесоа од Готската земја во Едеса, во својата црква. Утредента кога ја отворија црквата ја најдоа ќерката на онаа вдовица покрај гробот на Божјите светители и дознаа за нејзиното чудесно избавување.

Слични објави

Дневен хороскоп за 22 јуни: Очекувајте отворен разовор со блиска личност

apostolova

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.
Се вчитува....