13:26 - 2 април, 2026

Дали диуретиците се штетни за бубрезите?

Диуретик е лек кој го зголемува степенот на уринирање и со тоа обезбедува присилна диуреза.

Постојат повеќе групи на диуретици. Сите диуретици го зголемуваат исфрлањето на вода од телото, но секоја група го прави тоа на различен начин.

Диуретиците влијаат на бубрезите на неколку начини. Некои се поблаги и релативно безбедни за употреба, додека други се исклучително силни и затоа се опасни. Бубрезите филтрираат бројни нуспроизводи од процесот во телото од крвта и го чистат нашето тело од вишокот јони или електролити.

Ова е најважната улога на бубрезите, бидејќи тие помагаат во одржување на оптималниот крвен притисок кога функционираат правилно.

Диуретиците може да се поделат на:

• тиазидни диуретици

• диуретици кои штедат калиум

• осмотски диуретици

• инхибитори на јаглеродната анхидраза

Диуретиците се лекови кои го зголемуваат излучувањето на растворените материи, главно солите и водата преку бубрезите, а со тоа се намалува волуменот на течноста надвор од клетките.

Лекарите ги препорачуваат за симптоматски третман на овие состојби и за лекување на артериска хипертензија. Кај бубрежните пациенти, тие се корисни за регулирање на ацидоза и кај состојби на зголемени вредности на калиумот. Постојат различни диуретици – за лекување на генерализирани едеми (отоци), за лекување на артериска хипертензија, за цироза на црниот дроб, кај затајување на срцето и кај резистентна артериска хипертензија.

Контрола на електролитите и креатининот

Приближно 2-4 недели по почетокот на терапијата со диуретици, а и подоцна во текот на лекувањето, особено по појавата на новите клинички состојби и воведувањето на дополнителна терапија или зголемување на дозата, може да се појават нарушувања на електролитите или течностите, па тогаш мора да се контролираат електролитите и креатининот. Најчестиот несакан ефект на диуретиците е хипокалемија (намалена вредност на калиумот во крвта).

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....