10.8 C
Скопје
10:56 - 23 април, 2024

Ирфан Менсур и Жарко Лаушевиќ заедно се бореле против коронавирусот во болница: „Бев блиску до смртта“

Српските актери Ирфан Менсур (68) и Жарко Лаушевиќ (60) успешно се избориле со коронавирусот, поради кој заедно биле хоспитализирани во клиничката болница „Бежаниска коса“ во Белград.

Менсур и Лаушевиќ лежеле во соседни соби на болницата и секој ден се гледале и се бодреле.

Менсур вели дека одвај го победил коронавирусот и дека најголема поддршка му бил Лаушевиќ, кој направил сè за да го расположи во тешките моменти.

Бев блиску до смртта

Менсур бил во тешка состојба и се борел за живот, а Лаушевиќ направил сè за да го „крене“.

Петнаесет дена бев постојано на кислород. Веднаш штом ме приклучија на машината, ми помина низ главата дека е крај. Бев блиску до смртта, го почувствував тоа, но не се исплашив. Сите ќе го дочекаме тоа порано или подоцна. Со своите речиси 70 години, направив доволно во животот, затоа не се грижам дека еден ден ќе ме нема. Единственото нешто што ме загрижи во тие тешки моменти беше фактот дека не им кажав на некои луѓе сè што планирав – рекол Менсур, на кого болничките денови полесно му поминувале во друштво.

Лауш лежеше во апартманот покрај мојот. Тој пристигнал во болницата една недела пред мене. Се дружевме секој ден онолку колку што дозволуваше нашата здравствена состојба. Се охрабрувавме еден со друг. Кога излезе од болницата, ми остави голема шолја за кафе со нацртано насмеано лице (смајли). Тој подарок стана мојот амајлија и ќе трае сè додека живеам – додал Менсур.

Му претстои долго закрепнување

Менсур дознал дека е заразен со коронавирус додека ја подготвувал претставата „Ана Каренина“ во Националниот театар во Ниш.

На пробата почувствував истоштеност, намалена концентрација и губење на силата. Тројца колеги бевме позитивни на тестот. Добив температура и итно ме префрлија од Ниш во Бежаниска коса. За среќа, стигнав навреме – објаснува актерот.

Ирфан е пуштен од болницата пред две недели и му претстои долго закрепнување.

Најлошото заврши. Јас сè уште пијам лекови и примам инјекции. Во моментов сум во самоизолација и треба да направам контролен тест за неколку дена. Очекувам дека ќе успеам да функционирам нормално за околу еден месец – вели актерот.

Жарко Лаушевиќ се заразил со коронавирус додека му правеле операција на циста на забот, објавија неофицијално српските медиуми. Неговата состојба била стабилна, но лекарите му препорачале да се лекува во болница бидејќи има висок притисок.

Слични објави

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

Избрани од универзумот: Четири хороскопски знаци на кои судбината ќе им донесе изненадувања наскоро

еспресо

(Фото) Оваа пејачка е на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Цеца е строга, знае да викне“

еспресо
Се вчитува....